Атанасиј I (охридски архиепископ)
Атанасиј I бил православен свештеник и охридски архиепископ во период од 1596-1598 година, повторно околу 1606-1614 година и за трети пат околу 1614-1615 година.[1][2]
Атанасиј | |
---|---|
Архиепископ од | околу 1557 |
Архиепископ до | околу 1566 |
Претходник | Гаврил |
Наследник | Валаам |
Роден | 16 век |
Починал | 17 век |
Други архиепископи со име Атанасиј |
Во 1596 година испратил писмо до венецијанскиот провизор и до капетанот на островот Крф, Ангел Базадона, со цел да ја придобие Венеција за востание во Албанија. По 1596 година го прекинал архиепископувањето и тргнал за Неапол и Рим, со што започнало неговото патешествие по Европа. Стасал дури до Прага, насекаде барајќи помош против Турците. Не добил никаква поддршка, па во почетокот на 1606 година се вратил во Охрид. Таа година побарал во Русија милостина како охридски архиепископ. Не се знае кога бил сменет, но по трет пат управувал со Охридската архиепископија во 1615 година, кога испратил писмо до неаполскиот вицекрал за своите политички планови против Турција. Неговото трето управување не траело подолго од една година, по што веќе не се појавуваат други податоци за него.[2]