Асколдова могила (Киев)

(Пренасочено од Асколдова могила)

Асколдовата могила (украински: Аскольдова могила) се гробишта кои се наоѓаат во Киев, Украина.

Асколдова могила
Аскольдова могила
Податоци
МестоКиев, Украина
ЗемјаУкраина
Типнеактивна

Овие гробишта се едни од најпознатите во киевската историја, кои биле уништени во времето на советската ера. Денеска, на ова место се наоѓа парк и истоимен споменик. Некогашната могила се наоѓа меѓу реката Днепар, улицата Иван Мазепи и Мариинскиот парк.

Историја

уреди

Во текот на историјата, ова место се нарекувало, како што е и денес, Асколдова могила, односно место каде се наоѓа гробот на викиншкиот военоначалник Асколд, кој заедно со Дир го завладеал Киев, а подоцна организирал и поход кон Цариград. На ова место била изградена црквата Свети Никола. За изградба на црквата, големо влијание имала војвотката Олга или Олма. Сепак, некои тврдат дека основач на црквата бил самиот Асколд.

Во 971 црквата на Свети Никола била уништена од страна на синот на Олга - Светослав I, чие владеење е поврзано со враќање на паганските обичаи и прогонство на христијанското население. Во 990 година, кнезот Владимир ја изградил црквата од дрвен материјал. Во 1036 година, на ова место бил основан голем манастир.

Могила

уреди

Во Руската Империја, во Асколдската могила биле погребувани многу познати луѓе од Киев. Во 1935 година, гробиштата биле затворени, и по ова било одлучено истите да бидат растурени за да се создаде парк. Денеска во паркот се наоѓа споменик од дрвен крст, потсетувајќи дека во 1918 година на гробиштата биле погребани голем број на млади украински патриоти кои загинале во борба против Болшевиците. На овие гробишта биле погребани руските пилоти Петар Несторов како и Евграф Крутењ.

Во времето на германската окупација, Асколдските гробишта биле користени за погребување на германските војници, кои биле отстранети по ослободувањето во 1944 година. По 1945 година, овде биле погребувани воени лица и полицајци кои загинале за време на војната. Во 1957 година, нивните останки биле пренесени во Паркот на вечната слава.

Надворешни врски

уреди