Архимандрит Нектариј

Архимандрит Нектариј (Мендо Најдоски) (18 октомври 1960, Селце (Прилепско)) — архијереј на Македонската православна црква, игумен на манастирот „Свети Наум“.[1][2]

Архимандрит Нектариј
ЦркваМПЦ-ОА
ЕпархијаДебарско-кичевска епархија
Ракоположен1991
Службата завршилаво служба
Лични податоци
Роден18 октомври 1960
Селце (Прилепско), Македонија
Вероисповедправославие
ЗанимањеИгумен на манастирот „Св. Наум“

Животопис

уреди

Архимандритот Нектариј е роден во село Селце, Прилепско во 1960 година. Крстеното име му било Мендо Најдоски. Завршил Богословија и Богословски факултет во Скопје.

Бил замонашен на 16 декември 1982 година во манастирот „Св. Илија“ – Чардак, а од 1981 до 1985 година престојувал и во манастирот „Св. Петка“ во Цапари. Од 1985 до 1987 година бил главен воспитувач во Македонската православна богословија во Драчево и професор од 1987 до 1990 година. Во 1990 година станал првиот монах во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид и негов прв игумен. Во 1993 станал архијереј на МПЦ нехиротонисан (според негова волја).

Значајни се неговите преводи на богослужби од црковнословенски јазик.[2]

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. „Манастир „Свети Наум". Дебарско-кичевска епархиј. 9.02.2015. Посетено на 1 март 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. 2,0 2,1 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1043. ISBN 978-608-203-024-1.