Артур Масуаку
Артур Масуаку (роден на 7 ноември 1993, во Лил) — конгоански фудбалер со француско потекло, лев бек на Бешикташ и на репрезентацијата на ДР Конго.
Артур Масуаку | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Фука-Артур Масуаку Кавела | ||
Роден на | 7 ноември 1993 | ||
Роден во | Лил, Франција | ||
Држава |
Франција ДР Конго (од 2018) | ||
Висина | м | 1,79||
Позиција | лев бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Бешикташ | ||
Број | 26 | ||
Младинска кариера | |||
Ланс | |||
Валенсиен | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2013-2014 | Валенсиен | 27 | (1) |
2014-2016 | Олимпијакос | 51 | (1) |
2016-2022 | Вест Хем Јунајтед | 105 | (1) |
2022- | Бешикташ | 41 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2013 | Франција 18 | 3 | (0) |
2013 | Франција 19 | 2 | (0) |
2018- | ДР Конго | 24 | (2) |
* Ажурирано на: 21 септември 2011 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Својата кариера ја започнал во Валенсиен. Тој исто така ја претставувал Франција во селекциите под 18 и под 19 години.
Технички одлики
уредиОфанзивен лев бек со добар центаршут.
Клупска кариера
уредиВаленсиен
уредиМасуаку станал професионалец преку младинскиот систем на Валенсиен за кои играл пет години. Своето деби во Лига 1 го направил во првиот натпревар од сезоната 2013-2014 на 10 август 2013 против Тулуза. Тој одиграл 75 минути пред да биде заменет со Тонго Думбија.[1] На 29 јануари 2014 година, Масуаку го постигнал својот прв гол во официјален натревар во својата професионална кариера во поразот со 2-1 од Марсеј.[2]
Олимпијакос
уредиВо јули 2014, Масуаку потпишал за грчкиот шампион Олимпијакос.[3][4] Своето деби во Грчката суперлига го направил против Ники Волос, а во неговиот трет првенствен натпревар обезбедил две асистенции против ОФИ Крит во победата на домашен терен со 3-0.[5] Три дена подоцна тој го имал своето деби во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид и притоа постигнал погодок во победата на неговиот тим со 3-2.[6]
Во април и мај 2015 година, бил објавен интерес за потпишување на играчот од страна на италијанските клубови Рома, Интер и Јувентус.[7][8] Неговиот агент, Роже Хенротај, сепак, изјавил дека работи на тоа да го обнови договорот на Масуаку со клубот.[9] Во јули, Олимпијакос ја одбил понудата од 4 милиони евра за Масуаку од Џенова, плус поранешниот играч на клубот Јанис Фетфацидис.[10] Во двете години поминати во Пиреја, Масуаку одиграл вкупно 73 натпревари за Олимпијакос во сите натпреварувања и постигнал два гола.
Вест Хем Јунајтед
уредиНа 8 август 2016 година, Масуaку му се приклучил на Вест Хем Јунајтед за надомест од 6,2 милиони фунти, потпишувајќи четиригодишен договор со чеканите.[11][12] Своето деби за Вест Хем го направил во поразот со 2-1 од Челси на 15 август 2016 година. Масуаку подоцна признал дека неговото деби во Премиер лигата било многу тешко заради темпото и физичката состојба на лигата.[13] Тој го постигнал својот прв гол за Вест Хем во Лига купот против Болтон на 19 септември 2017 година.[14]
На 9 декември 2017, Масуаку бил прогласен за играч на натпреварот во победата на Вест Хем со 1-0 на домашен терен над лондонскиот соперник Челси.
Репрезентативна кариера
уредиИако како тинејџер ја претставувал Франција во младите селекции, во јуни 2017 Масуаку добил дозвола да ја претставува селекцијата на ДР Конго во јуни 2017 година.
Наводи
уреди- ↑ „Valenciennes–Toulouse: 3–0“. 10 August 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-19. Посетено на 15 July 2014.
- ↑ „Marseille–Valenciennes: 2–1“. 29 January 2014. Посетено на 25 July 2014.
- ↑ „el:Παίκτης του Ολυμπιακού ο Μαζουακού“ (грчки). Olympiacos.org. 22 July 2014.
- ↑ „Info FM : Masuaku s'engage avec l'Olympiacos!“ [Info FM: Masuaku signs for Olympiacos] (француски). Footmercato.net. 7 July 2014. Посетено на 11 July 2014.
- ↑ „Ολυμπιακός–ΟΦΗ 3-0“. Sport24. 13 September 2014. Посетено на 12 January 2015.
- ↑ „Olympiakos gain surprise win over 2014 beaten finalists Atlético Madrid“. The Guardian. 16 September 2014. Архивирано од изворникот на September 19, 2014.
- ↑ „Masuaku in Roma shortlist“. www.sdna.gr. 8 May 2015.
- ↑ „Inter enquire for Masuaku“. www.football-italia.net. 29 April 2015.
- ↑ „Masuaku set for new Olympiakos contract“. www.sdna.gr. 16 May 2015.
- ↑ „Genoa su Masuaku: la trattativa“. www.calciomercato.com. 15 July 2015.
- ↑ „Hammers acquire Arthur“. West Ham United F.C. 8 August 2014. Архивирано од изворникот на 9 August 2016. Посетено на 8 August 2016.
- ↑ Lustig, Nick (8 August 2016). „West Ham sign Arthur Masuaku from Olympiacos“. Sky Sports. Посетено на 8 August 2016.
- ↑ Nightingale, Tom (15 August 2016). „West Ham United defender Arthur Masuaku admits finding his Premier League debut tough“. www.hitc.com. Посетено на 17 August 2016.
- ↑ „West Ham 3-0 Bolton“. BBC. 19 September 2017. Посетено на 20 September 2017.