Артур Арну (француски: Arthur Arnould), (Диез, 17 април 1833Париз, 26 ноември 1895) – француски писател и опозициски новинар. Активен учесник во Париската комуна и член на Првата интернационала[1].

Артур Арну
Arthur Arnould
Артур Арну во 1871 година
Роден/а17 април 1896(1896-04-17)
Диез, Франција
Починат/а26 ноември 1895(1895-11-26) (возр. 62)
Париз, Франција
Занимањеписател и новинар
Националностфранцуска
ПериодXIX век

Животопис

уреди

Татко му бил приватен професор. После кратка административна кариера, Артур Арну, станал опозициски новинар во Второто Царство.

По прогласувањето на републиката, на 4 септември 1870 година, назначен е за помошник градоначалник на 4 арондисман. На 26 март 1871 година избран е во Советот на комуната од 4 и 7 арондисман. Најпрво е член на Комисијата за надворешни односи, потоа на Комисијата за работа (6 април), потоа на Комисијата за замени (21 април) и на крајот на Комисијата за образование (4 мај). На 1 мај задолжен е за „Службениот весник“ на комуната. Како прудонист и анархист, Арну му припаѓа на малцинството во сенатот на Париската комуна и гласа против формирањето на Комитетот за јавен спас. После Крвавата недела, тој бега во Швајцарија и во Франција се враќа по амнестијата во 1880 година.

Ги напишал „Државата на Револуцијата“ (1877), „Историја на Париската комуна“, издадена во 1878 во Брисел, и неколку романи под псевдонимот „Артур Мате“

Во 1890 година се оженил со уметничката Делфин де Кол. Наведен е во францускиот речник на анархисти[2].

Наводи и забелешки

уреди

Надворешни врски

уреди