Артак Дашјан (роден на 20 ноември 1989 во Ереван) е ерменски фудбалер, играч од средниот ред на Алашкерт и на ерменската репрезентација.

Ерменија Артак Дашјан
Лични податоци
Роден на 20 ноември 1989(1989-11-20)(34 г.)
Роден во Ереван, Ерменија
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Пјуник
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2009 Банантс Банантс 34 (8)
2010–2011 Металург Донецк Металург Донецк 13 (0)
2011–2013 Банантс Банантс 52 (11)
2013–2014 Гандзасар Гандзасар 24 (9)
2014Ал-Мухарак Ал-Мухарак 0 (0)
2014–2016 Вардар Вардар 43 (7)
2016–2019 Алашкерт 68 (10)
2019–2020 ФК Урарту 3 (0)
2020–2021 ФК Пјуник 33 (3)
2021– ФК Пјуник 22 (1)
Репрезентација
2008–2010 Ерменија Ерменија 21 6 (2)
2009– Ерменија Ерменија 7 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 19 април 2022
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 7 септември 2010

Клупска кариера уреди

Започнал да игра фудбал во школата на фудбалскиот клуб Шенгавит, а во 2007 се префрлил во екипата на Банантс со која го направил своето професионално деби во Ерменската Премиер лига. Во јануари 2010, потпишал тригодишен договор со украинскиот клуб Металург Донецк, каде повторно соработувал со тренерот Николај Костов кој го тренирал и во Банантс. По сезона и пол во Украина, Дашјан се вратил во Банантс во јули 2011 година, а на 16 јануари 2013 потпишал за Гандзасар. Сезоната 2013-14 била неговата најуспешна во кариерата; постигнал 7 гола на 14 наатпревари во Ерменската Премиер лига, но во јануари 2014 го напуштил Гандзасар и заминал во бахреинскиот клуб Ал-Мухарак на позајмица до крајот на сезоната. На 30 јуни 2014, се вратил во Гандзасар.

На 4 јули 2014 година, Дашјан потпишал за македонскиот најтрофеен клуб Вардар, приклучувајќи му се на својот сонародник и поранешен соиграч од Банантс, Ховханес Хамбарџумјан.

Надворешни врски уреди