Арахос (грчки: Άραχος) — новосоздадено село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Арахос
Άραχος
Арахос is located in Грција
Арахос
Арахос
Местоположба во областа
Арахос во рамките на Гида (општина)
Арахос
Местоположба на Арахос во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°40′N 22°30′E / 40.667° СГШ; 22.500° ИГД / 40.667; 22.500
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаПлати
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно393
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на околу еден километар северно од главниот пат што води од градот Солун за градот Бер, 4 километри северозападно од селото Плати, на надморска височина од 10 метри.[2] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 6 квадратни километри.

Сместено е во областа Урумлак, источно од Бер. Во минатото се наоѓало на југоисточниот брег на пресушеното Ениџевардарско Езеро. На север се наоѓаат селата Плугар и Зорбатово, од кои е одделено со реката Колудеј.

Историја

уреди

Селото Арахос е целосно нова населба, изградена по извршените мелиорации, односно по исушувањето на Ениџевардарското Блато и по регулацијата на новите корита на реките Вардар и Колудеј. Првично, тука биле сместени главно бегалски семејства од позагрозени села.[2]

Стопанство

уреди

Селото е опколено со обработливи површини, бидејќи се наоѓа сред пространо плодно поле, а тие се наводнуваат од системот за наводнување од водите на реката Колудеј. Населението се занимава со земјоделство, произведувајќи многу пченица, пченка, памук, бостан и други земјоделски производи.[2]

Население

уреди

Населбата првпат е спомената во пописот од 1940 година со 354 жители, во 1951 година биле попишани 634, во 1961 година 635, во 1971 година 467, во 1981 година 430, а во 1991 година 415 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 487 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 393 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 354 634 635 467 430 415 487 393
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Арахос, во кој е единствено село.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 5.