Апо

највисока планина на Филипините

Апо — голема фумарола, потенцијално активен стратовулкан на островот Минданао, Филипини. Со надморска височина од 2954 метри надморска височина, таа е највисока планина во Филипинскиот архипелаг и се наоѓа помеѓу Давао и провинцијата Јужен Давао во Регионот XI и провинцијата Котабато во Регионот XII. Од Давао се наоѓа на 45 километри на североисток, Дигос на 25 километри на југоисток, а Кидапаван на 20 километри (12 милји) на запад.

Апо
Планина Апо, 2015
Највисока точка
Надм. вис.3143 м [1][2]
Истакнатост3143 м [1]
Ranked 98th
Заведена како
Координати6°59′15″N 125°16′15″E / 6.98750° СГШ; 125.27083° ИГД / 6.98750; 125.27083[1]
Географија
Апо на карта

Карта

МестоМинданао
ЗемјаФилипини
Regions
Провинција
Нас. местаДавао, Дигос и Кидапаван
Матичен венецАпо–Таломо
Геологија
Старост на карпатаПлиоцен[3]
Видстратовулкан
Вулкански лак/појасЦентрален Минданајски лак
Последен избувнепознато
Искачување
Прво освојување1880 Хоакин Раџал.[4][5]
Најлесен патКидапаван-Магпет[6]

Првите два обиди да се стигне до врвот од планината завршиле со неуспех: оној на Хосе Ојангурен (1852) и Сенор Реал (1870). Првата евидентирана успешна експедиција ја предводел Дон Хоакин Раџал во 10 октомври 1880 година. Пред искачувањето, Раџал морал да ја обезбеди дозвола од водачот на народот Багобо, Дату Маниг. Се вели дека Дату побарал човечка жртва да се направи за да му угоди на богот Мандаранган. За среќа, Дату се согласил да се откаже од ова барање, а искачувањето започнало на 6 октомври 1880 година, пристигнувајќи пет дена подоцна. Оттогаш следеле бројни експедиции.

На 9 мај 1936 година, планината Апо била прогласена за Национален парк од страна на претседателот Мануел Л. Кесон.

Планината Апо е именувана по благородник по име Апонг, кој бил убиен додека посредувал во битката помеѓу двајца додворувачи на неговата ќерка Сарибу. Друго предложено потекло на името е од зборот Апо, кој на филипински јазик значи „господар“.

Кон крајот на март-април 2016 година, поради екстремните ефекти на Ел Нињо, на падините на планината се појавиле масовни шумски пожари предизвикувајќи туристите на планината да го запрат нивното искачување. Туризмот во регионот бил загрозен поради големата магла која ги зафатиле падините на планината.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Philippines Mountain Ultra-Prominence“. peaklist.org. Посетено на 2009-06-19.
  2. (2011-04-06). "The World Factbook - Philippines" Архивирано на 19 јули 2015 г.. Central Intelligence Agency. Посетено на 2011-03-14.
  3. „Tentative Lists; Mount Apo Natural Park“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот на 11 March 2011. Посетено на 9 March 2016.
  4. Montano, Dr. Joseph. "Voyage Aux Philippines et en Malaisie", p. 246. Labrairie Hechette, Paris, 1886.
  5. Maso, Miguel Saderra. "Volcanoes and Seismic Centers of the Philippines", p.27. Department of Commerce and Labor, 1904.
  6. (2007-10-08). "Mt. Apo/Kidapawan-Magpet Trail". Pinoy Mountaineer. Посетено на 2011-04-23.

Надворешни врски

уреди