Триумвират (од латински: „владеење на тројца“) или “тројка“ на руски, e опис на сојузништвото меѓу тројца подеднакво моќни политички или воени водачи - триумвири (лат.: triumvir, мн. triumviri)[1].

Нивното сојузништво ретко траело подолг период. Исто така, изразот може да се примени како опис на држава во која тројца различни воени водачи заеднички раководат со државата.

Римските триумвирати уреди

Првиот триумвират го склучиле Гај Јулиј Цезар, Гнеј Помпеј и Лициниј Крас. Тоа се случило во 60 г. п.н.е. и нивна цел била да ги заземат највисоките позиции во Рим. Затоа, Цезар во 59 г. п.н.е., станал конзул, а потоа отишол да ги пороби галските племиња. Кога успеал, настанала Галија, област која се простирала северозападно од Апенинскиот Полуостров. Подоцна Галија станала римска провинција со која владеел токму Цезар.

Кога Лициниј Крас загинал во битката со парќанската војска во 53 г. п.н.е., односите меѓу Помпеј и Цезар заладиле и Првиот триумвират се распаднал.

Вториот триумвират бил склучен во 43 г. п.н.е. во градот Бононија (денешна Болоња) на северот на Италија, а бил помеѓу Марко Антониј, Емилиј Липид и Октавијан Август.

За разлика од првиот триумвират, кој имал таен карактер, вториот триумвират бил официјализиран со закон кој именувал “тројца со конзулски овластувања за уредување на државата“ (лат.: triumviri rei publicae constituendae consulari potestate). Триумвирите ја имале врховната власт во државата, единствено ограничена на период од пет години.

Наводи уреди

  1. Triumvir, Ancient Warfare Magazine Архивирано на 7 март 2010 г. article by Jona Lendering (анг.)