Владимир Јанковски

Владимир Јанковски — македонски писател.

Животопис

уреди

Јанковски работел како уредник во издавачката куќа „Темплум“, а потоа преминал во издавачката куќа „Магор“.

Творештво

уреди

Јанковски влегол прилично дозна на македонската книжевна сцена, и тоа како прозаист и како критичар, истражувач, преведувач, промотор и организатор на книжевни манифестации. Неговото прво дело, романот „Вечно сегашно време“ влегол во најтесниот избор за наградата на роман на годината на „Утрински весник“. Во 2015 година, Јанковски ја објавил својата втора книга „Невидливи љубови“, во издание на „Антолог“. Овој роман бил избран за македонски претставник за меѓународната награда „Балканика“.[1] Покрај тоа, Јанковски е автор на книгата разговори со Влада Урошевиќ и книгата со фотоесеи, потпишана заедно со фотографот Иван Блажев.[2]
Основни творечки опсесии на Јанковски се љубовта и градот, урбаноста. Во таа смисла, тој е дел од генерацијата кои целосно ги отфрлија големите, историски, метанаративни или постмодернистички теми и кои во својот фокус го имаат секојдневниот живот. Притоа, тој е под големо влијание на надреализмот и најревносен ученик на Влада Урошевиќ.[2]

Награди

уреди
  • 2021 - „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“ за „Скриени желби, немирни патувања“
  • 2016 - „Рациново признание“ за „Невидливи љубови“[3]

Наводи

уреди
  1. „Македонски претставник за „Балканика“ е „Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски“, Дневник, година XX, број 6172, петок, 23 септември 2016, стр. 22.
  2. 2,0 2,1 Роберт Алаѓозовски, „Боење на градското сивило“, Економија и бизнис, год. 18, бр. 210/211, декември 2015/јануари 2016, стр. 133.
  3. „Добитници на Рациновото признание за 2016 година се Владимир Јанковски и Сашо Димоски“. Архивирано од изворникот на 2020-06-08. Посетено на 8 јуни 2020.