Убиство во хотел Босфор

Убиство во хотел Босфор (турски: Kitapçi Dükkâni) - роман на турската писателка Есмахан Ајкол од 2001 година. Првобитно, романот бил објавен од страна на турската издавачка куќа „Everest Yayinlari“ од Истанбул, а во 2003 година бил објавен и во Цирих од страна на издавачката куќа „Diogenes Verlag AG“.

Содржина

уреди

Романот се состои од следниве глави:[1]

  • Еден
  • Два
  • Три
  • Четири
  • Пет
  • Шест
  • Седум
  • Осум
  • Девет
  • Десет
  • Гасеници и уште некои други работи

Македонски изданија

уреди

Во март 2014 година, романот бил објавен на македонски јазик, како издание на „Антолог“ (44. книга од библиотеката „Бранови“), а во превод на Тулај Сејфула. Преводот на книгата бил поддржан од Министерството за култура и туризам на Турција, во рамките на програмата ТЕДА. Книгата има 208 страници, со обем од 20 сантиметри, каталогизирана е во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи ознаката ISBN 978-608-243-006-5. Насловната корица била дело на Ана Андроска, лектурата ја направила Кристина Велевска, а ликовно-графичкото уредување било извршено во „Антолог“. Книгата била испечатена во печатницата „Графоден“, во тираж од 500 примероци. На задната страница се наоѓа фотографија на авторката, заедно со куси биографски податоци.[2]

Наводи

уреди
  1. Есмахан Ајкол, Убиство во хотел Босфор. Скопје: Антолог, 2014.
  2. Есмахан Ајкол, Убиство во хотел Босфор. Скопје: Антолог, 2014.