Просечен индекс на среќата

Просечен индекс на среќата е роман на португалскиот писател Давид Машадо од 2013 година. Романот бил добитник на Наградата за литература на Европската Унија за 2015 година.

Содржина

уреди

Погодено од финансиската криза во Португалија, семејството на Даниел се разделува. Неговата сопруга Марта, заедно со децата, се отселува кај нејзините родители. Но, Даниел верува дека повторно ќе најде работа и дека повторно ќе го спои своето семејство. Даниел се јавува како раскажувач во романот, кој ја раскажува приказната преку имагинарен дијалог со својот пријател Алмодовар. Меѓутоа, Даниел ги губи и своите хонорарни работни места, зашто времето го троши за да им помогне на Шавиер, кој страда од агорафобија, Авила, поранешен професор кого го малтретира една банда средношколци и Вашко, синот на Алмодовар, кој постојано запаѓа во неволји. Шавиер има математичка теорија на среќата и го пресметува индексот на среќата за секој човек.[1]

Осврт кон делото

уреди

Романот претставува потрага по она што е потребно за човекот да биде среќен, но и обид да се сфати колку големо може да биде човечкото срце. Во книгата заедно се спакувани радоста, болката, носталгијата, песимизмот, надежта и љубовта. Романот претставува неверојатно патување до себе.[2]

Наводи

уреди
  1. Betty магазин, година V, број 54, август 2018, стр. 23.
  2. Betty магазин, година V, број 54, август 2018, стр. 23.