Андреја Мишковски
Андреја Мишковски (роден на 17 јули 1932 година во Куманово - починал на 20 август 1998 година во Скопје) — македонски хирург по пластична и реконструктивна хирургија.[1]
Андреја Мишковски | ||
Роден | 17 јули 1932 Куманово, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 20 август 1998 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | хирург |
Животопис
уредиАндреја Мишковски завршил на Медицинскиот факултет во Скопје во 1958 година, специјализирал пластична и реконструктивна хирургија во Белград и во Солзбери, Англија (1972). Ги вовел методите на современата пластична хирургија и ја извел првата реплантација на ампутирана подлактица (1976). Бил директор на Клиниката за хируршки болести (1982–1989); ги трансформирал хируршките одделенија во посебни хируршки клиники; директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија (1989–1994).
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мишковски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 977. Text "series " ignored (help)