Андреапол

град во Русија

Андреапол ( руски: Андреаполь) е град во европскиот дел на Руската Федерација и административен центар на регионот Андреапол кој се наоѓа во западниот дел на Тверската област .

Грб на Андреапол

Според проценките на Националната статистичка служба, во градот во 2014 година живееле 7 528 жители.

Географија

уреди

Градот Андреапол се наоѓа во западниот дел на Валдајските ридови, на запад од Тверската област. Реката Западна Двина тече низ градот, чиј извор е на само 20-тина километри на север. Лежи на околу 286 километри западно од административниот центар на областа, градот Твер.

Историја

уреди

Во литванските катастарски книги од 1489 година се споменува населбата Дубна, која се наоѓала на десниот брег на Западна Двина, наспроти денешниот град. На подрачјето на денешниот град, реката ја претставувала и границата помеѓу Псковската и Тверската област во периодот помеѓу XVIII и почетокот на XX век.

На левиот брег на реката, во текот на 18 век, постоел имот на генералот Андреј Кушељов, според кој целата област е изградена во 1783 година, наречено Андрејино поле. Интересно е тоа што во областа на денешната населба Кужељов во 1806 година го отворил еден од првите бањски центри во Руската Империја „Андреаполски минерални води“.

Самата населба Андреапол е основана во 1906 година, а нејзиното појавување е директно поврзано со изградбата на пругата и отворањето на железничката станица во областа. Андреапол во 1928 година се споил со соседниот Дубно и администрацијата на Ленинаскиот регион, основана една година порано, беше пренесена во неа.

За време на Втората светска војна, Андреапол дложивеа огромно уништување со што бил скоро целосно разрушен. Административниот центар на Андреаполскиот реон е од 1965 година. Има официјален статус на град од 1967 година

Демографија

уреди

Според податоците од пописот во 2010 година, во градот живееле 8 286 жители, додека според проценките за 2014 година, градот имал 7 528 жители.[1]

Движење на бројот на жители
1939 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година 2014 година
3 845 8 392 9 075 9 317 9 610 9 317 8 286 7 528*

Белешка: * според проценките на Националната статистичка служба.

Сообраќај

уреди

Денес, Андреапол е важна железничка станица на линијата Бологоје - Великије Лука .

На околу 3 километри источно од градот се наоѓала воздухопловната база на воздухопловните сили на Руската Федерација. Базата е затворена на 1 декември 2009 година

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Численность населения Российской Федерации по муниципальным образованиям на 1 января 2014 года“. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 2021-02-01.

Надворешни врски

уреди