Андерс Андерсон (фудбалер)
Пер Андерс Андерсон (15 март 1974) е шведски поранешен професионален фудбалер кој играл како дефанзивен играч за врска. Започнувајќи ја својата кариера со клубот на Малме ФФ во раните деведесетти години, Андерсон продолжил да игра професионално во Англија, Данска и Португалија пред да се врати во Малме во 2005 година за да ја заврши кариерата. Како репрезентативец помеѓу 1994 и 2005 година, Андерсон одиграл 27 натпревари за репрезентацијата на Шведска и ја претставувал на УЕФА Евро 2000 и 2004 година. Тој исто така бил играч на шведската олимписка фудбалска репрезентација на Летните олимписки игри 1992 година во Барселона.
Лични информации | |||
---|---|---|---|
Име и презиме |
Андерс Андерсон | ||
Датум на раѓање |
15 март 1974 | ||
Место на раѓање |
Томелила, Шведска | ||
Висина |
174 см | ||
Позиција |
одбранбен играч за врска | ||
Сениорска кариера* | |||
Година |
Тим |
настапи |
(голови) |
1990–1997 |
126 |
(19) | |
1997–1999 |
4 |
(0) | |
1999–2001 |
70 |
(8) | |
2001–2004 |
49 |
(1) | |
2004–2005 |
36 |
(0) | |
2005–2008 |
56 |
(0) | |
Вкупно |
341 |
(28) | |
Репрезентација | |||
1989–1991 |
30 |
(1) | |
1991 |
1 |
(0) | |
1992–1995 |
25 |
(3) | |
1995–1997 |
2 |
(0) | |
1994–2005 |
27 |
(3) | |
Клупска кариера
уредиРоден е во Томелила, а играл за Свенсторпс ИФ како дете, но се приклучил подоцна на ФФ Малме и тоа во 1990 година. Постепено прераснувал во ѕвезда во тимот на Алсвенскан, а подоцна бил купен од англискиот премиерлигаш Блекбурн Роверс. Таму одиграл четири првенствени натпревари на кои постигнал еден гол против екипата на Престон Норт Енд во натпревар од Лига купот. Тој продолжил да игра во Данска и Португалија за тимот на Бенфика, а на крајот се вратил во ФФ Малме во јули 2005 година. Тој останал во клубот до крајот на 2008 година, кога тимот одлучил да не го продолжи договорот со него. Веста бил прифатена со загриженост од страна на поддржувачите на фудбалскиот клуб Малме, а самиот Андерс пишувал за целокупната ситуацијата во локалниот весник Скенска Дагбладет.[1] Подоцна решил да се повлече од фудбалот, ставајќи крај на шпекулациите дека можеби се упатил кон локалниот ривал на Малме тимот на Трелеборг.
Меѓународна кариера
уредиЈуниорска кариера
уредиОткако настапувал за младинските репрезентации на Шведска до17, 19 и 21 година, Андерсон бил избран да го претставува шведскиот олимписки фудбалски тим на Летните олимписки игри 1992 година во Барселона.[2]
Сениорска кариера
уредиАндерсон за прв пат настапил за сениорската репрезентација на Шведска во фудбал на пријателскиот натпревар против репрезентацијта на Мексико на 24 февруари 1994 година. Тој го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата од 1-0 против репрезентацијата Јапонија на 13 февруари 1997 година. Андерсон исто така бил репрезентативец на Шведска на УЕФА Евро 2000 година и влегол во игра од клупата во групната фаза против репрезентацијата на Турција. Резултатот на тој натпревар бил 0:0 и така репрезентацијата на Шведска не успеала да се квалификува во втората фаза од првенството. Четири години подоцна, тој бил играч на репрезентацијата на Шведска на УЕФА Еуро 2004 и за прв пат настапил на последниот натпревар од групната фаза против екипата на Данска. На тоа првенство Шведска се квалификувала во втората фаза, но била елиминирна од репрезентацијта на Холандија во четврт финалето.
Андерсон го имал својот последен репрезентативен настап на 9 февруари 2005 година во нерешениот натпревар со репрезентацијата на Франција, кој завршил со резултат од 1:1. За шведската репрезентација Андерсон настапил вкупно 27 натпревари и при тоа постигнал 3 гола.
Статистика за кариера
уредиМеѓународен
уредиРепрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Шведска | 1994 година | 1 | 0 |
1996 година | 1 | 0 | |
1997 година | 7 | 1 | |
2000 година | 7 | 1 | |
2003 година | 4 | 0 | |
2004 година | 6 | 1 | |
2005 година | 1 | 0 | |
Вкупно | 27 | 3 |
- Список на оценки и резултати. Во првата табела се дадени головоите на Шведска а во втората колона е претставен придонесот на Андерсон кон резултатот.
бр. | Датум | Место на одржување | Противник | Голови на Шведска | Придонес на Андерсон со своите голови во вкупниот резултат | Вид на натпревар |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 13 февруари 1997 година | Национален стадион воТокио, Јапонија | Јапонија | 1–0 | 1–0 | Пријателски |
2 | 4 февруари 2000 година | Клубски фудбалски стадион Ла Манга, во Ла Манга Шпанија | Норвешка | 1–1 | 1–1 | Пријателски |
3 | 28 мај 2004 година | Стадион Ратина воТампере, Финска | Финска | 1–1 | 3–1 | Пријателски |
Титули
уредиАБ Копенхаген
уреди- Суперлига на Данска : 1998–1999
Бенфика
уреди- Лига куп на Португалија : 2003–2004
Наводи
уреди- ↑ https://web.archive.org/web/20120224203748/http://www.skanskan.se/article/20090102/SPORTBLOGG05/375481168/1164
- ↑ „Anders Andersson - Spelarstatistik - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se (шведски). Архивирано од изворникот на 2020-10-29. Посетено на 1 August 2020.
Надворешни врски
уреди- Малме ФФ профил (на Шведски)
- Профил на Алборг БК (на Дански)