Постојаат машки и женски генитални органи.

Репродуктивен систем
Анатомија и физиологија на машкиот генитален систем
Анатомија и физиологија на женскиот генитален систем
Податоци
СистемГенитален систем
Назнаки
Латинскиsystema reproductionis
TAA09.0.00.000

Анатомија и физиологија на женските генитални органи

уреди

Гениталните органи кај жената се поделени во две групи: надворешни и внатрешни генитални органи.

Анатомија и физиологија на надворешни женски генитални органи

уреди

Надворешните генитални органи со едно име се нарекуваат Vulva, тоа се:

Венерин брег - MonsVeneri (Срамен брег)

уреди

MonsVeneri - Венерин брег (Срамен брег), се наоѓа пред симфизата. Тоа е перниче на поткожно масно ткиво. Во текот на пубертетот е покриeно со влакна. Ова перниче пред пубертетот не е изразено, а во постменопауза изчезнува.

 
Дразница, големи и мали срамни усни

Големи срамни усни (Labia maiora pudendi)

уреди

Големи срамни усни (Labia maiora pudendi) се два кожни набори кои напред се спојуваат во MonsVeneri, a назад во мегичката (perineum).

Мали срамни усни(Labia minori pudendi)

уреди

Малите срамни усни (Labia minori pudendi) се помали кожни набори кои се наоѓаат под големите срамни усни.

Дразница (Clitoris)

уреди

Дразницата се наоѓа напред каде што се спојуваат малите усни и содржи голем број крвни садови и нервни завршетоци, па затоа претставува најчувствителното и најраздразливото место на надворешните генитални органи кај жената.

Трем на вагината (Vestibulum)

уреди

Тремот претставува триаглесто подрачје ограничено со clitoris, од страна со малите усни, а назад со френилум на усните. Во вестибулумот еден до два санитиметри по дразницата се наоѓа надворешниот отвор на уретрата. Тоа е цевка долга три-четири сантиметри и води кон мочниот меур. Поради што е права и кратка и затоа што надворешниот отвор е многу блиску до вагината, постои можност инфекциите од вагината лесно да се пренесаат до мочниот меур.

Sceneo-канал

уреди

Sceneo-канал или одвод се отвори на две мали жлезди кои се наоѓаат покрај уретрата и лачаат секрет кој има заштитна улога.

Момичски залисток (Hymen)

уреди
 
Типови на химен

Моминскиот залисток[1] е тенка мембрана која делумно го затвора влезот во вагината сè до првиот полов однос (coitus). После тоа се раскинува (deflopatio), а неговите остатоци ги нарекуваме карункули. Постојаат повеќе видови на химен. На пр: прстенест, дводелен, решеткаст, еластичен и тврд, што особено е важно во сидската медицина.

Мегичка (Perineum)

уреди

Мегичката претставува мускулно, сврзно и масно ткиво покриено со кожа, кое се наоѓа измеѓу задните ѕидови на вагината и анусот.

Бартолиниеви жлезди

уреди

Бартолиниевите жлезди претставуваат две жлезди кои се наоѓаат во долната третина на долните усни. Лачат секрет кој има заштитна улога.

Анатомија и физиологија на внатрешни женски генитални органи

уреди

Вагина (Родница)

уреди

Вагината има цевчеста форма и се протега од хименот до грлото на матката. Предниот ѕид изнесува седум и пол сантиметри а задниот ѕид изнесува десет сантиметри. Грлото на матката го дели дното на родницата на четири дела: преден, заден и два странични.
Ѕидот на родницата е изграден од три слоја:

  • Внатречен слој - кој е повеќе слоен плочест епител;
  • Среден слој - мускулен слој;
  • Надворешен слој - се состои од сврзно ткиво и крвни садови.

pH на вагината е кисела и спречува размножување на различни бактерии. Додерлајновите бактерии нормално живеаат во вагината и го претвораат гликогенот во млечна киселина, па затоа вагиналниот секрет е кисел.

  1. Улога на вагината:

Вагината ги поврзува внатрешните генитални органи со надворешниот свет и служи за истекување на менструалната содржина. Како орган за извршување на сескуален однос. Орган преку кој се изведуваат разни вагинални и интраутерини интервенции. Во текот на бременоста вагината служи за разни интервенции(сарклаж). При раѓањето таа го сочинува мекиот дел од родилниот канал низ кој поминува плодот. Во текот на леунството исто така служи за изведување на некои интервенции.

  1. Врски на вагината со соседните органи:
Горе: со грлото на матката;
Долу: со Vulva;
Назад: со анус и право црево;
Напред: со мочен меур и мочен канал.

Матка (Uterus)

уреди

Mатката претставува шуплив орган во вид на круша, сместен во средината на мала карлица, помеѓу мочниот меур напред и право црево назад. Должината е од седум до осум и пол сантиметри, нејзината тежина изнесува педесет грама.
Кај матката разликуваме:

  • дно - fundus
  • тело - corpus
  • грло - cervix

Делот на вратот кој виси од вагината се вика грло на матката или portio.

Матката се состои од три слоја:

  • Ендометриум - претставува внатрешен слој, лигавица која ја обложува празнината на матката. Во текот на репродуктивниот период на жената ендометриумот под дејство на оваријалните хормони, циклички се менува секој месец. Во првата фаза до менструалниот циклус тој е многу тенок, потоа постепено се здебелува во втората фаза. Во текот на бременоста значително се менува и се вика децидуа.
  • Миометриум - е средниот мускулен слој на матката. Мускулните влакна се спирални околу телото на матката, кружни околу цервиксот и јајеводите, а надолжни кон дното на матката. Мускулните влакна овозможуваат контракции на матката проширување и скратување на цервиксот за време на раѓањето.
  • Периметриум - претставува перитонеум кој ја покрива надворешната површина на матката. Назад го формира догласовиот простор - Doglas.

Врат или грло на матката - должината изнесува три сантиметри и е изграден од лигавица богата со жлезди кои лачат слуз, плочест епител, мазни мускулни влакна и сврзно ткиво. Надворешниот отвор на цервиксот кај жени кои не раѓале има конусен облик, а кај жени кои раѓале има цилиндричен облик. Цервиксот е богато снабден со крвни и лимфни садови, па затоа воспалителни или злоќудни процеси брзо се шират во внатрешните органи.

Јајцеводи (Tuba Uterina Falopi)

уреди

Јајцеводот е паред цевчест орган со должина од десет до дванаесеет сантиметри, кој се протега од аголот на матката до страничните делови на малата карлица. Јајце-клетката која по овулација излегува од јајникот е прифатена од јајцеводот и се носи до матката. Јајцеводот е составен од:

  • Интерстицијалис (pars interstitialis)
  • Паристмика (pars isthmica)
  • Проширен дел (ampula tubae)

На слободниот крај од јајцеводот се наоѓаат ресички или фимбрии кои имаат значајна улога во прифаќањето на јајце-клетките. Јајеводот е изграден од три слоја:

  • Лигавица;
  • Мускулен слој;
  • Серозен слој.

Јајник (Ovarium)

уреди
 
Јајник- Овариум

Јајникот претставува женска полова жлезда или гонада, е парен орган сместен под јајеводор од двете страни на матката со големина колку зелен бадем и тоа: четири сантиметри долга, два сантиметри широка и еден сантиметар дебела. До пубертетот неговата површина е мазна а во репродуктивниот период е избраздена од претходните овулации. Има беличаста боја.
Јајникот има две основни финкции:
1. Репродуктивна - во него се созреваат женските полови клетки - јајце-клетки. Вака јајникот се однесува како жлезда со внатрешно лачење.
2. Вегетативна функција - лачи хормон естроген и прогестерон па се однесува како жлезда со внатрешно лачење.
Кај јајникот се разликуваат:

  • Срцевина (medula)
  • Кора (cortex)

Во кората се наоѓаат јајце-клетките во различни фази од развојот. При раѓањето во кората се наоѓаат околу четирстотини примарни фоликули, а до пубертет остануваат околу триесет илијади кои почнуваат да созреваат. Од пубертет секоја година созреваат околу 13 јајце-клетки годишно, односно вкупно четирстотини до менопауза[2].

Хормони

уреди

Хормони на графовиот фоликул

уреди

Графовиот фоликул лачи естрогени хормони. Сосема мали количини се лачаат во кората на надбубрежните жлезди, а во текот на бременоста, плодовата постелка - плацента лачи големи количини на естрогени хормони. Од естрогените хормони најмногу се лачи b-естрадиол, потоа следуваат естром и естриол. Најголема физиолошка активност има b-естрадиол. Во периодот на пубертет, под влијание на фоликулостимулирачкиот хормон се лачаат дваесет пати поголеми количини на естрогените хормони, тоа придонесува за растење на половите органи:

  • се зголемуваат јајцеводите,утерусот и вагината,
  • Дразницата, малите и големите срамни усни добиваат пропорции на зрела жена.

Исто така се јавуваат и половите секундарни разлики, како што се:

  • нежни и типично женско тело ( се одликува со широка карлица и потесни рамена),
  • гласот е потенок, ларингсот е послабо развиен,
Се јавуваат и други полови одлики.

Хормон на жолтото тело

уреди
 
Прогестерон во 3Д изглед

Жолтото тело лачи хормон прогестерон, кој спаѓа во групата на стероидните хормони. Основната материја од која се синтетизира прогестеронот е холестерол. Прогестеронот има специфично дејство за половите ограни кај жената. Прогестеронот дејствува на утерусот така што го подготвува евентуалното примање на оплодената јајце-клетка. Заедно со естрогените хормони ја зацврстуваат мускулатурата на утерусот, воеедно ја инхибираат контрактибилноста на матката.

Анатомија и физиологија на машките генитални органи

уреди
Движење на машките полови клетки сперматозоиди

Машкиот репродуктивен систем исто како и женскиот репродуктивен систем, не е неопходен за преживување на организмот, но е неопходен за преживување на хуманата раса. Машкиот репродуктивен систем претставува една половина од неопходните органски структури за пропагација на животот. ДНК структурата се пренесува од една на друга генерација преку неселективна селекција што претставува прокреација со интордукцијата на машкиот сперматозоид и женската јајце-клетка. Со спојување на овие две клетки, се раѓа нов живот.

Машки полов орган (пенис)

уреди
 
Делови на пенисот

Пенисот е машки полов орган чија функција е спроведување на спермата и урината и нивна ејакулација, односно екскреција надвор од организмот. Тој е сместен над тестисите, а под карличната симфиза. Кај малите деца пенисот не е развиен и со тек на време се зголемува, а потполно се оформува во текот на пубертотот. Просечната големина на машкиот полов орган, кај возрасен маж, во мирување е од 6 до 10 см, но максималната растегливост е различна и поединечна кај секој маж. Така на пример, за белата раса, просечната големина на пенисот во ерекција изнесува од 9 до 19 см, односно просечната растегливост е 14, 5 см, промер 4см, а опсегот на коренот на пенисот 12 см. Пенисот се состои од два дела:

  • тело (corpus penis)
  • глава на пенисот (glans penis).

Телото на пенисот е изградено од три снопа на фиброзно ткиво: две идентични кавернозни тела (corpus cavernosus), кои се поставени непосредно еден до друг на задната страна на телото на пенисот, и едно спонгиозно ткиво (cospus spongiosum) кое е поставено меѓу нив на предната страна. Кавернозното тело се полни со крв при сексуално возбудување и доведува до ерекција на пенисот. Спонгиозното ткиво на својот крај се зголемува, добива топчеста форма и ја формира главата на пенисот. Овие два вида на ткива го градат еректилното тело на пенисот. Главата на пенисот е препокриена со двоен кожен набор (препуциум). Препуциумот е подвижен и лесно може да се повлече на назад и да ја ослободи главата на пенисот. Во ерекција, препуциумот се повлекува од главата на пенисот. Низ средината на спонгиозното ткиво минува надворешниот мочен канал (уретра) кој завршува со отвор на врвот на главата на пенисот (meatus). Низ мочниот канал минува мочката при мочањето, како и семената течност при ејакулацијата.

 
Составни делови на тестисот

Сексуална функција

уреди

При сексуалното возбудување, крвните садови на пенисот се исполнуваат со крв, што доведува до ерекција (укрутување) на полниот орган, со што се овозможува полов однос, односно пенетрација. Мажите за време на сексуалното возбудување, со два ускладени независни рефлекси остваруваат празнење (емисија) и потоа исфрлање на семената течност (ејакулација), а мускулните стегања во пенисот доведуват до оргазам. Остварувањето на половиот акт кај мажот е главно под нервна контрола. Во главата на пенисот се наоѓа богат сплет од чувствителни нервни влакна, кои при сексуално возбудување и допир испраќаат импулси до централниот нервен систем преку ’рбетниот мозок.. Со тоа се постигнува ерекција и можност за полов акт . Такви, сексуални нервни импулси, се испраќаат и од деловите близу до пенисот. Најчести заболувања на пенисот се:

  • хипоспадија;
  • фимоза;
  • парафимоза;
  • баланитис;
  • рак (карцином).

Семеник (Testis)

уреди
 
Градба на тестис

Семеник (епидидимис) е дел од надворешните машки полови органи, сместен во скротумот (мошник) заедно со тестисот. Има облик на цевка, долга од 3 до 5 м, која е совиткана и служи за пренос на машките полови органи до простата, а потоа и надвор од телото.
Анатомски има 3 дела:

  • глава - која лежи над горниот пол на тестисот и е негов најраширен дел, покриена е со туника албугинеа која го обвива и тестисот и на тој начин комуницираат помеѓу себе;
  • тело - кое лежи на задниот раб на тестисот и се продолжува како семена врвца;
  • опашка - лежи во долниот дел на задниот раб на тестисот и не е јасно одвоена од телото.

Функција на тестисите

уреди

Основната функција на тестисите е производство на хормонот тестостерон. Нормално е еден тестис да биде на пониско ниво (обично левиот). Ова се должи на разликите во васкуларната и анатомската структура на левата и десната страна на скротумот и тестисите.

Пасеменик

уреди
Човечки сперматозоиди снимени микроскопски

Пасеменикот претставува парен издолжен орган налегнат на горниот дел од тестисот. Составен е од еден долг извиен каналкој ги одведува сперматозоидите.

Семена кесичка(vesicula seminalis)

уреди

Семена кесичка(vesicula seminalis), претставува парен орган. Сместен пред дебелото црево, а под мочен меур. Изводниот канал од кесичката се спојува со семеводот. Жлездите од семената кесичка лачаат секрет кој влегува во состав на семената течност - сперма.

Состав на сперматозоидите(сперма)

уреди
 
Составни делови на сперамтозоидот

Спермата е составена од сперматозоиди, секрет од жлездите на пасеменикот, семеводот, семените кесички од простата и булбоуреталните жлезди.
Сперматозоидот се состои од:

  • Глава,
  • врат,
  • опашка.

Во главата на сперматозоидот се наоѓа јадро во кое е сместен материјалот потребен за оплодување. Предниот дел од главата е наречен акрозом. Во акрозомот се наоѓаат протолитични ензими со кои се врши разградба на обвивките од јајце-клетката. Телото и опашката на сперматозоидите се одговорни за движење.

Семевод(ductus deferens)

уреди
 
Навлегување на сперматозоидите во јајце-клетката

Семеновод е дел од внатрешните машки полови органи. Има форма на тенка цевка (пречник околу 0,3 до 0,5 мм) и ги поврзува тестисот и простата.
Анатомски се дели на 4 топографски дела:

  • pars epididimica - е во непосреден контакт со епидидимисот и тестисот и претставува воедно почеток на епидидмисот;
  • pars funicularis;
  • pars libera- дел од епидидимис до влез во ингвиналниот канал;
  • pars inguinalis - дел којшто лежи во ингвиналниот канал и е дел од funiculus spermaticus;
  • pars iliaca - дел од излез од ингвиналниот канал до linea arcuata (os coxae);
  • pars prostatica - од linea arcuata до влез во простатата.

Машка мочна цевка(urethra masculina)

уреди

Машка мочна цевка претставува уринарен орган. Нејзината должина изнесува од 16 до 18 санитметри. Околу машката мочна цевка се наоѓа напречно пругаст мускулен свингтер. Уретрата завршува со едно проширување на главичката од пенисот.

Простата

уреди

Простата претставува жлездено мускулен орган налик на костен. Простата се наоѓа под мочниот меур. Преку неа поминува уретрата и нефрлувачките канали.Булбоуреталните жлезди се прилепени за уретрата каде што го излачуваат својот секрет.

Надворешни врски

уреди
  • Болести на репродуктивниот систем
  • Гинекологија и акушерство - Болести на женскиот генитален систем
  • ХПВ инфекција кај мажи Архивирано на 20 ноември 2013 г.
  • Улогата на половите хормони
  • Kimball JW (2007-05-27). „Progesterone“. Kimball's Biology Pages. Архивирано од изворникот на 2008-06-18. Посетено на 2008-06-18.
  • „Progesterone Resource Center“. PMS, Menopause, and Progesterone Resource Center. Oasis Advanced Wellness, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2008-06-18.
  • Infertility - possible Treatments and Causes Архивирано на 17 декември 2008 г.
  • Ovulation and How it happens, Triggers and How to Help it Occur Архивирано на 17 декември 2008 г.
  • General discussion document on Progesterone, its uses and applications

Поврзано

уреди

Појаснување

уреди
  1. Момински залисток познат како химен. Мрежичка која се раскинува при првиот полов однос.Химен, Hymen
  2. Mенопауза - Менопаузата е природна појава во животот на жената кога престанува нејзината менструација. Исто така е позната под името климактериум што значи промена на животот. Менопауза обично настапува помеѓу 44-та и 55 година од животот. Менструациите можат да станат помалку обилни и понередовни пред конечно да престанат. - Менопауза