Анархофеминизам

(Пренасочено од Анархистички феминизам)

Анархистичкиот феминизам (исто така познат како анархофеминизам и анархафеминизам) е синтеза на радикалниот феминизам и анархизмот што го гледаат патријархатот (доминација на мажот над жената) како фундаментална манифестација на недоброволна хиерархија – на која анархистите се спротивставуваат. Анархафеминизмот беше инспириран во доцниот 19 век од записите на рано феминистичките анархисти како Луси Парсонс, Ема Голдман и Волтерин де Клер. Анархафеминистите, како и другите радикални феминисти, критикуваат и предлагаат напуштање на традиционалните сфаќања за фамилијата, образованието и половите улоги. Многу анархафеминисти се особено критични кон бракот, како на пример Ема Голдман која сметаше дека бракот е чисто економски договор... „...[жената] плаќа со нејзиното име, приватност, самопочит и со самиот живот“. Анархафеминистите го гледаат патријархатот како фундаментален проблем во општеството и веруваат дека феминистичката борба против сексизмот и патријархатот е есенцијална компонента на анархистичката борба против државата и капитализмот. Л. Сузан Браун изрази дека „бидејќи анархизмот е политичка филозофија која се спротивставува на сите односи на моќ, тој е инхерентно феминистички“[1]. Постоеја и неколку машки анархафеминисти како анархокомунистот Жосеф Дежак кој се спротивставува на Прудоновите антифеминистички сфаќања. Анархофеминистите сметаат дека борбата против патријархатот е од суштинско значење за класната борба, како и за анархистичката борба против државата. Во суштина, оваа гранка на анархизмот, гледа на анархизмот како потребна компонента во феминистичката борба и обратно. Анархистичкиот феминизам се јавува во индивидуалистички како и во колективистички форми на анархизмот.

Дијагонално преполовен правоаголник, едната половина е црна а другата половина е виолетова.
Анархофеминистичко знаме
Симболот на анархофеминизмот

Потекло

уреди

Анархофеминизмот црпи инспирации од делата на авторките и теоретичарките како Ема Голдман, Волтерин де Клер, Луси Парсонс. Во Шпанската граѓанска војна, постоеше група, наречена Слободни жени, која ги бранеше анархистичките и феминистичките идеи. Мнозинството од анархистичките мислители, освен Пјер Жозеф Прудон, силно ја поддржуваа еднаквоста на жените со мажите.

Уште од 1860-тите, критиката на анархизмот кон капитализмот беше комбинирано со критика кон патријархатот. Авторитарните вредности како: доминацијата, експлоатацијата, агресијата, натпреварувањето, итн. кои се интегрален дел од хиерархиските цивилизации, се гледаат како „мажествени“. Додека, антиавторитарните вредности како: соработката, споделувањето, сочувството, чувствителноста се сметаат за „женствени“, и според анархофеминистите овие вредности, денес, се девалвирани. Оттаму анархофеминистите се борат за создавање на нехиерархиско анархистичко општество, кое ќе биде засновано на соработка, споделување, взаемна помош, итн.

Цели

уреди

Важни цели за анархофеминистите се: спротивставувањето на традиционалните концепции на семејството, образованието и половите улоги. Најчесто напаѓана институција е институцијата на бракот. Де Клер сметаше дека бракот е пречка за поединечниот развој. Голдман пак, сметаше дека тоа е „првенствено економски договор,.... [жената] плаќа со нејзиното име, приватност, самопочит и со самиот живот“.

Наводи

уреди
  1. Brown 1995, стр. 208.

Надворешни врски

уреди