Експлоатација
Експлоатацијата на труд е искористување на искуство, богатство или вештини на други без награда. Феминистичката теорија тврди дека експлоатацијата е историска категорија која е основа за машките и за женските социјални односи карактеристични за патријархатот.
Роза Луксембург прва предложила дека односите меѓу машките и женските работници ја одразуваат постојаната хиерархија и експлоатација меѓу производителите и потрошувачите. Современиот феминизам го додава и психолошкото објаснување за експлоатацијата според кое жените се „предале” на нивната експлоатација преку интернализирана идеологија, создадена и почитувана од жените. „Супер експлоатација” е термин за присвојување не само на вишокот на труд, туку и на трудот и времето кои се потребни за самиот човечки опстанок, на пример, домашната работа.[1]
Белешки
уреди- ↑ „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.
Оваа статија од областа на социологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |