Хуманитарнонаучен колеџ

колеџи посветени на додипломски студии при слободните вештини и науки

Хуманитарнонаучен колеџ (англиски: liberal arts college) — американски вид на високошколска установа чија дејност е образување на додипломски студенти при областите на хуманитарните науки. Кога се вели „хуманитарни науки“ во оваа поврзаност не се мисли на седумте хуманитарни науки од стариот и средниот век. Ваквите установи се одликуваат со наставна програма која има за цел пренесување на општи спознанија и развивање на сеопфатни интелектуални способности, за разлика од наставни програми сосредоточени професионално, стручно, знаетски или техничко, коишто се нудат при специјализираните програми на други универзитети, како што се истражувачките универзитети (англсики: Research Universities), медицинските универзитети, народните универзитети, за-профит универзитетите, политехничките или техничките факултети, и др.

Дворот за бруцоши во колеџот „Амхерст“

Иако првата програма во историјата е од Европа, овој вид на образование сега е најприсутно во Соединетите Држави, и најчесто поимот „хуманитарнонаучен колеџ“ се поврзува со тие установи. Најпознати такви колеџи се „Мали“ (Амхерст, Вилијамс, и Веслијан) или „Мала Бршленова Лига“ во Новоанглиската Област (САД).

Примери за колеџи на хуманитарнонаучните колеџи во други земји вклучува Бишопс и Маунт Алисон во Канада, Европскиот колеџ на хуманитарните науки во Германија, Рузвелтовата Академија  и Универзитетскиот Колеџи во Амстердам како и Утрехт во Холандија. Сепак, особено во Европа, образованието кои се пренесуваат во овие колеџи најчесто се среќава во гимназиите. Искуството со кое се стекнуваат студентите на хуманитарнонаучните колеџи во САД е т.н. американско искуство и обидите да се понуди нешто слично надвор од САД најчесто биле неуспешни.

Неколку основни одлики по кои се разликуваат колеџите на хуманитарнонаучните колеџи од пососредоточените установи од високото образование:

  • хуманитарнонаучните колеџи се помали, што обично значи дека секој студент добива повеќе внимание. Соодносот на бројот на студенти наспрема професори кај нив е обично помал. Предавањата ги држат исклучиво професорите (а не асистентите, што е практика во останите универзитети) и тоа во помали групи, со поголем пристап на студентите до професорот.
  • хуманитарнонаучните колеџи се резиденцијални, што значи дека студентите живеат и студираат далеку од дома, често за првпат, и учат да живеат со други. Колеџите често се наоѓаат во гратчиња, каде студентскиот живот игра исклучителна општествена улога, а резиденцијалниот аспект ги изложува студентите на различни културни, политички и интелектуални настани кои не би биле на дофат во нерезиденцијалните средини.
  • хуманитарнонаучните колеџи обично вклучуваат две години на општи студии од хуманитарните науки, науки и уметности, односно вклучуваат стекнување на општо сознанине пред студент да го утврди главната поле на изучување, звањето (англиски: major).