Ден Браун (англиски: Dan Brown) (роден 22 јуни 1964) — американски писател на трилери, најпознат по бестселерот од 2003, Кодот на да Винчи. Романите на Браун, кои се потраги по богатство сместени во период од 24 часа,[1] обработуваат споредбени теми како криптографија, клучови, симболи, кодови и теории на заговор. Неговите книги се преведени на 57 јазици и заклучно со 2012 продадени во повеќе од 200 милиони копии.

Ден Браун
Роден/а22 јуни 1964(1964-06-22)(60 г.)
Ексетер, Њу Хемпшир, САД
ЗанимањеРоманописец
Апсолвент наАмхерст Колеџ
ЖанрТрилер,
Мистерија
Потпис
мрежно место
http://www.danbrown.com/

Романите на Браун во кои како главен лик се појавува Роберт Ленгдон вклучуваат историски и христијански теми како споредбени мотиви, кои имаат резултирано во причинување контроверзности. Браун на неговото мрежно место наведува дека неговите книги не се анти-христијански, иако тој самиот е на „постојано духовно патување“, и вели за неговата книга Кодот на да Винчи дека е едноставно „забавна приказна која причинува духовна дискусија и дебата“ и додава дека книгата може да послужи како „позитивен катализатор за самокритика и иследување на нашата верба“.[2]

Кариера

уреди

Од 1996, Браун е посветен единствено на пишувањето книги. Неговите први три романи имаат мал успех, со помалку од 10 000 копии од секоја, но четвртиот роман, Кодот на Да Винчи, станува бестселер, искачувајќи се на првото место на листата бестселери на Њујорк тајмс уште првата недела по објавувањето во 2003. Се смета за една од најпознатите книги на сите времиња, со речиси 60,5 милиони копии до 2006 година продадени низ целиот свет.[3][4] Успехот на оваа книга ја зголеми продажбата и на неговите први три романи. Во 2004, сите негови четири романи во иста недела се најдоа на листата бестселери на Њујорк тајмс.[5] Во 2005., магазинот Тајмс го постави Браун во листата 100 највлијателни личности на годината. Магазинот Форбс го постави Браун на 12. место на нивната список на најпознати личности во 2005 година, со пресметан годишен профит од 76,5 милиони долари. Тајмс го објави профитот на Кодот на да Винчи – 250 милиони долари.

Дела

уреди

Наводи

уреди
  1. Brown. Witness statement; Pages 17 & 21.
  2. The Da Vinci Code FAQ page; Official website of Dan Brown
  3. Henninger, Daniel (2006-05-19). „Holy Sepulchre! 60 Million Buy 'The Da Vinci Code'. Wall Street Journal (англиски). ISSN 0099-9660. Посетено на 2022-01-29.
  4. Marcus, Caroline (2009-09-13). „Brown is back with the code for a runaway bestseller“. The Sydney Morning Herald (англиски). Посетено на 2022-01-29.
  5. Mehegan, David (2004-05-08). „Thriller instinct“. Boston.com. Посетено на 2022-01-29.