Американец во Париз (Гершвин)
Американец во Париз (англиски: An American in Paris) — класично симфониско дело на американскиот композитор Џорџ Гершвин.
Американец во Париз An American in Paris | |
---|---|
од Џорџ Гершвин | |
Првата снимка | |
Род | Оркестарски џез |
Облик | Рапсодија |
Сочинето | Пролет 1928 |
Премиерна изведба | |
Датум | 13 декември 1928 |
Место | Карнеги хол, Њујорк, САД |
Диригент | Валтер Дамрош |
Изведувачи | Њујоршка филхармонија |
Историја
уредиДелото (само оркестарско) е вдахновено од престојот на Гершвин во Париз. Музичката замисла е симфониска поема која ги евоцира местата и животот на француската престолнина во 1920-тите.
Партитурата за првпат била изведена во Карнеги хол во Њујорк на 13 декември 1928 година пред 2 800 гледачи. Во 1951 година, режисерот Винсенте Минели го вградил делото во истоимениот филм. Во кореографската адаптација учествувал актерот и танчер Џин Кели. Неговата изведба му донела Оскар. Две години подоцна, делото предизвикало скандал на европската премиера во Лондон.
Во 2014 година, Американец во Париз за прв пат станал сценско дело. Светската премиера се одржала во Театр ди Шателе (Theatre du Châtelet) во декември 2014 и бил режиран од Кристофер Вилдон.
Теми
уредиОркестрација
уредиПокрај вообичаените инструменти на симфониски оркестар, Гершвин користи автомобилски сирени. За њујоршката премиера, композиторот донел такси сирени од Париз. Делото бара и поретко користени инструменти како што се челеста и саксофони.
La partition originale est écrite pour 3 flûtes (la Предлошка:3e jouant aussi le piccolo), 2 hautbois, 1 cor anglais, 2 clarinettes en si♭, 1 clarinette basse, 2 bassons, 4 cors, 3 trompettes, 3 trombones, 1 tuba, 4 percussions, 1 xylophone jouant aussi du glockenspiel, 1 célesta, 3 saxophones (alto, ténor et baryton) et l'orchestre à cordes.
Анализа
уредиВреметраењето на делото е околу 19 минути. Има три главни дела. Првиот (до 7 минути), прошетка на американски турист на Шанзелизе прошарана со кавга меѓу таксисти, прошетка пред музички сали, па конечно пауза на терасата на кафуле во Латинскиот кварт. Вториот дел (до 14 минути), блуз на пригушена соло труба, ќе не превезе во парк како Луксембуршка градина (Jardin du Luxembourg). Носталгична тема каде Американецот сонува за својата родна земја. Последниот дел каде туристот се среќава со сонародник со кој разменува впечатоци претставува продолжување на сите досегашни теми обработени во претставата.
Надворешни врски
уреди- Американец во Париз (Гершвин) на Ризницата ?
- [[scores:Category:{{{id}}}|Слободни партитури од An American in Paris]] од проектот „Меѓународна библиотека на партитури“
- Scores, marked by Leonard Bernstein, Andre Kostelanetz, Erich Leinsdorf; New York Philharmonic archives
- 1944 recording by the New York Philharmonic conducted by Artur Rodziński
- An American in Paris, audio на YouTube, New York Philharmonic, Leonard Bernstein, 1959. Архивирано на 29 мај 2018 г.