Алцхајмерова болест
Алцхајмерова болест (латински: Morbus Alzheimer) — болест од групата на невродегенеративни заболувања. Обично се јавува кај населението над 65 годишна возраст и е одговорна за 60% од дементните заболувања, следена од васкуларните деменции на второ место и алкохолната деменција на трето.[1]
Алцхајмерова болест | |
---|---|
Споредба на нормален мозок на постаро лице (лево) со мозок на лице заболено од Алцхајмер (десно). Разликите се означени. | |
Специјалност | Неврологија |
Честота | Грешка во Lua во Модул:PrevalenceData, ред 28: attempt to perform arithmetic on field 'lowerBound' (a nil value) |
Карактеристично е прогресивно влошување на когнитивните функции, со намалена способност за извршување на дневните активности, промени на расположението и карактерот и невропсихолошки симптоми. Години пред манифестирањето на првите симптоми, во мозокот на заболениот се насобираат наслаги составени од бета-амилоидни-(Aβ)пептиди со променета конфигурација. Заедно со наслагите, во невроните се таложат и неврофибрили во облик на клопчиња, карактеристичен патогномоничен знак за оваа болест.
За овие дегенеративни промени, кои се основа на самата болест, сè уште не постои терапија.
Причините за појавата на Алцхајмеровата болест не се целосно разјаснети. Од генетски аспект, востановена е една варијанта на генот ApoE, која претставува фактор на ризик за развој на Алцхајмеровата болест. Покрај тоа, откриени се генетска мутации на уште три гени (пресенилин-1 и -2 и амилоидна претходничка белковина APP), кои можеби се предизвикувачки фактор за ретката рана форма на болеста. Промените во овие четири гени водат до по рано таложење на бета-амилоид во мозокот, за разлика од ненаследните-спорадични форми на болеста. Се проценува дека генетските фактори се само 30% од факторите на ризик за појавата на Алцхајмерова болест.
Историја
уредиВо 1901 година, германскиот психијатар и невропатолог Алојз Алцхајмер го опишал првиот случај на оваа болест, која подоцна е наречена Алцхајмерова болест. Пациентката била 50 годишната Августа Детер. Алцхајмер ја примил пациентката во нервната клиника во Франкфурт. Детер престојувала во клиниката сè до нејзината смрт во 1906. Во ова време Алцхајмер веќе станал раководител на лабораторијата во Минхен. Неговата заинтересираност за случајот го натерала да побара да му го испратат мозокот од починатата пациентка на анализа. Тогаш ги објавил првите резултати на оваа тема.[2][3][4]
Во наредните 5 години се опишани уште 11 слични случаи, во медицинската литература, за некои од нив веќе е употребен називот „Алцхајмерова болест“.[5]
Официјално болеста го добива своето име во книгата „Учебник по психијатрија“ од психијатарот Емил Крепелин во 1910 година.[6]
Епидемиологија
уредиОд Алцхајмеровата болест заболуваат речиси исклучиво лица во поодмината возраст. Со развитокот на медицината, а со тоа и зголемувањето на старосната граница, расте и застапеноста на болеста. Под 65 годишна возраст засегнати се 2%, кај 70-годишната популација 3%, кај 75-годишните 6% и кај 85-годишните 20%. Над 85 години опаѓа процентот на заболени, бидејќи болните од Алцхајмерова болест ретко достигнуваат таква старост. Досега најрано појавување на болеста е забележано кај 27 годишен пациент, кој починал на 33 годишна возраст.[7]
Во 2007 година, на светско ниво, се востановени 29 милиони луѓе заболени од Алцхајмерова болест. Според статистичките модели, се прогнозира дека во 2050 година бројот на заболени ќе се искачи на 106 милиони.[8][9]
Дијагноза
уредиПрепознавање на болеста според карактеристичната клиничка слика
уредиПредупредувачки знаци
уредиСпоред Американскиот национален институт за стареење, постојат седум предупредувачки знаци на болеста:
- Повторување на едни исти прашања.
- Повторување на една иста приказна.
- Заболениот не знае да извршува одредени секојдневни активности пр. готвење, играње карти, ракување со далечински управувач.
- Заболениот не знае да раководи со пари, сметки, префрлања и сл.
- Заболениот не може да најде одредени предмети или ги сместува на невообичаени места и мисли дека други лица ги преместиле истите.
- Запоставување на сопствениот надворешен изглед.
- Болниот одговара на прашања со поставување на истото прашање кое му е упатено нему.
Преддементен стадиум
уредиДури и до 8 години пред дефинитивната дијагноза на Алцхајмер, можат да се утврдат невропсихолошки испади. Најлесно препознатливи се проблемите со краткотрајното помнење и запомнувањето на нови информации. Во некои случаи, уште во овој стадиум, засегнати се разбирањето на говорот и следењето на сопствените цели. Типични се нарушувања на афектот, како што се депресијата, рамнодушноста и незаинтересираноста.
Ран и среден стадиум
уредиКај повеќето пациенти, намаленото помнење и учење водат до поставување на дијагнозата.[10] Најсилно засегнати се краткотрајното помнење и учењето, додека долготрајното помнење, вообичаените активности и емоционалните доживувања се сè уште зачувани.[11][12] Говорните способности кај болниот се општо намалени, а тоа се манифестира преку намален лексикон и отежнат говор. Постои несигурност при фините моторни движења, кои доаѓаат до израз при пишување, цртање или облекување.[13] Во средниот стадиум, дел од пациентите се сè уште способни самостојно да функционираат, но зависат од туѓа помош при сложени активности.[10]
Напреден стадиум на деменција
уредиВо напредниот стадиум на болеста пациентите ги губат стекнатите способности и не можат да ги препознаат личности и предмети.[14][15] Неосновани напади на бес и насилство можат да се сретнат дури и кај пациенти кои пред заболувањето биле мирољубиви. Мускулатурата кај пациентот постојано се разградува. Тоа води до понатамошни говорни проблеми, уринарна и дефекациона инконтиненција како и постојано намалување на подвижноста на пациентот, за на крај пациентот да стане „врзан за кревет“. Дури и при извршување на наједноставните активности, на пациентот му е потребна помош. Болеста води до смрт, која често настанува како резултат на белодробни инфекции или миокарден инфаркт.
Дијагностички критериуми
уредиКритериумите за дијагностицирање на Алцхајмеровата болест се утврдени во 1984 и надополнети во 2007 од страна на Националниот институт за невролошки заболувања и удари (NINCDS) и Здружението за Алцхајмер (ADRDA). Клиничкат дијагноза според овие критериуми се воспоставува кога когнитивните нарушувања кои укажуваат на деменција да бидат потврдени со невропсихолошки испитувања. За дефинитивна дијагноза, потребна е хистопатолошка потврда, која вклучува микроскопска обработка на примерок од мозочно ткиво. Кај Алцхајмеровата болест се нарушени осум когнитивни функции - помнење, говор, перцепција, внимание, конструктивни способности, ориентација, решавање на проблеми и функционални способности.
Дијагноза со снимање
уредиПрогноза
уредиОд поставувањето на дијагнозата, во просек на болниот му остануваат уште 7-10 години живот. Има случаи во кои крајниот стадиум се достигнува веќе после 4-5 години, но има и случаи во кои болниот живее уште 20 години.
Наводи
уреди- ↑ C. P. Ferri, M. Prince, C. Brayne et al.: Global prevalence of dementia: a Delphi consensus study. In: Lancet. 366, бр. 9503, 2005, S. 2112-7.
- ↑ A. Alzheimer: Uber eine eigenartige Erkrankung der Hirnrinde.. In: Allg. Z. Psychiat. Psych.-Gerichtl. Med.. 64, Nr. 1-2, 1907, S. 146–148.
- ↑ Konrad Maurer, Ulrike Maurer: Alzheimer: the life of a physician and the career of a disease. New York: Columbia University Press 2003, ISBN 0-231-11896-1
- ↑ Fred H. Hochberg, David Rottenberg: Neurological classics in modern translation. New York: Hafner Press 1977, ISBN 0-02-851180-8
- ↑ N. C. Berchtold, C. W. Cotman: Evolution in the conceptualization of dementia and Alzheimer's disease: Greco-Roman period to the 1960s. In: Neurobiol. Aging. 19, Nr. 3, 1998, S. 173–189. PMID 9661992.
- ↑ Emil Kraepelin: Textbook of Psychiatry 1910
- ↑ Skript der Sendung Quarks & Co zum Thema Alzheimer
- ↑ R. Brookmeyer u. a.: Forecasting the global burden of Alzheimer’s disease. In: Alzheimer's and Dementia. 3/2007, Band 3, S.186–191
- ↑ M. Schäfer:Forscher: Alzheimer wird zum Massenphänomen In: wissenschaft.de vom 11. Juni 2007
- ↑ 10,0 10,1 H. Förstl, A. Kurz: Clinical features of Alzheimer's disease. In: Eur Arch Psychiatry Clin Neurosci. 249, Nr. 6, 1999, S. 288–290. PMID 10653284.
- ↑ G. A. Carlesimo, M. Oscar-Berman: Memory deficits in Alzheimer's patients: a comprehensive review. In: Neuropsychol Rev. 3, Nr. 2, 1992, S. 119–169. PMID 1300219.
- ↑ M. Jelicic, A. E. Bonebakker, B. Bonke: Implicit memory performance of patients with Alzheimer's disease: a brief review. In: Int Psychogeriatr. 7, Nr. 3, 1995, S. 385–392. PMID 8821346.
- ↑ T. Benke: Two forms of apraxia in Alzheimer's disease. In: Cortex. 29, Nr. 4, 1993, S. 715–725. PMID 8124945.
- ↑ Liz Kumru: Getting Lost in Alzheimer's. UNMC. Zugriff, 22 јули 2007
- ↑ Tom Rickey: Road Skills Hint at „Motion Blindness“ of Alzheimer's. 31 јануари 2002. Zugriff am 21 јули 2007
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |
- Алцхајмерова болест Архивирано на 3 септември 2011 г. - доктори.мк (македонски)