Алфхаузен
Алфхаузен (германски: Alfhausen) — општина во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Алфхаузен | |
Сретселото со црквата | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Оснабрик |
Општ. заед. | Берзенбрик |
Месни единици | 4 |
Градоначалник | Агнес Дросте (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 39 км2 |
Надм. височина | 38 м |
Население | 4.224 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 108 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OS |
Пошт. бр. | 49594 |
Повик. бр. | 05464 |
Портал | www.alfhausen.de |
Местоположба на Алфхаузен во рамките на округот Оснабрик | |
Координати | 52°30′7″N 7°57′5″E / 52.50194° СГШ; 7.95139° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиАлфхаузен се наоѓа околу 27 километри (воздушна линија) северно од безокружниот град Оснабрик.
Општински единици
уредиОпштината Алфхаузен се состои од четири места:[2]
Покрај главното место Алфхаузен припаѓаат и следниве места кон денешната општина:
|
Соседни општини
уредиАлфхаузен се граничи на северозапад со Анкум, северно со градот Берзенбрик и на исток со Ристе, додека јужно се наоѓа градот Брамше.
Клима
уредиАлфхаузен се наоѓа во мешана климатска зона помеѓу океанската и континенталната клима.
Годишна просечна температура на воздухот изнесува од 8,5 до 9,0 °C и паѓаат околу 800 милиметри врнежи. Помеѓу мај и август може да има просечно 25 летни денови (климатолошка ознака за денови, чија максимална температура е над 25 степени).
Во Алфхаузен од 15 април 1949 година се наоѓа мерна станица на Германската временска служба.
Рекордни температури измерени од станицата се следниве:[3][4]
- Највисока измерена температура на 25 јули 2019 г.: 39,2 °C
- Најниска измерена температура на 8 јануари 1985: −25,2 °C
Клима на Алфхаузен | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Апсолутна максимална (°C) | 15,0 | 18,5 | 24,0 | 30,4 | 31,6 | 35,5 | 39,2 | 36,8 | 32,6 | 26,8 | 20,2 | 15,6 | 39,2 |
Просечна максимална (°C) | 4,0 | 5,0 | 8,8 | 13,9 | 18,3 | 20,6 | 23,1 | 22,8 | 18,8 | 13,9 | 8,5 | 4,7 | 13,6 |
Просечна температура (°C) | 1,7 | 2,0 | 4,8 | 8,9 | 13,2 | 15,8 | 17,9 | 17,5 | 13,9 | 9,9 | 5,8 | 2,7 | 9,5 |
Просечна минимална (°C) | −0,9 | −0,9 | 1,1 | 3,9 | 7,8 | 10,5 | 12,7 | 12,6 | 9,8 | 6,3 | 3,0 | 0,3 | 5,6 |
Апсолутна минимална (°C) | −25,2 | −20,4 | −18 | −6,6 | −4 | −1,1 | 0,6 | 1,0 | −2 | −6,2 | −14,5 | −18,5 | −25,2 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 73,8 | 53,2 | 60,0 | 49,7 | 58,0 | 73,3 | 77,2 | 74,0 | 71,1 | 76,3 | 73,5 | 82,3 | 822,4 |
Извор: [5] |
Историја
уредиАлфхаузен бил основан во 974 година. Името потекнува од долногермански и означува „единаесет куќи“. Целосната историја не е до крај позната.
Мнозинството од населението е римокатоличко. Меѓутоа, постојат и други верски заедници во градот.
Голем дел од населението емигрирало во Балтимор и Синсинати, Охајо и Северно Кентаки во САД во периодот 1830-1860.[6]
Галерија
уреди-
Противпожарната станица
-
Сретселото
-
Железничката станица
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Alfhausen 1025 Jahre. Eine Chronik in Wort und Bild. S. 11.
- ↑ Webseite wetterzentrale.de mit der Top 10 Tabelle der Wetterstation Alfhausen
- ↑ Dekadenrekorde (Höchsttemperatur, Tiefsttemperatur) an rund 1000 deutschen Stationen
- ↑ „Das Klima in Alfhausen 1961–2019“. wetterzentrale.de. Посетено на 2019-10-03.
- ↑ „German | Cincinnati: A City of Immigrants“.