Алисон Марсден (англиски: Alison Marsden, р. 9 јуни 1976 год.) е американски биоинженер. Таа е вонреден професор по педијатриска кардиологија, биоинженерство и машинско инженерство на Стенфордовиот универзитет.[1]

Живот и кариера

уреди

Марсден дипломира на програмата за машинско инженерство на Принстонскиот универзитет во 1998 година. Веднаш продолжува на постдипломски студии на Стенфордовиот универзитет, каде се стекнува со звањето магистер во 2000 година и постанува доктор на науки по машинско инженерство во 2005 година. Останува кратко време на истиот универзитет како пост-докторски научен соработник по педијатриска кардиологија и биоинженерство. Од 2007 до 2015 година предава на Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего, а потоа се враќа како професор на универзитетот „Стенфорд.“ [1]

Истражувачката работа на Марсден е во областа на биомеханиката на кардиоваскуларниот систем. Таа работела на детални симулации од Берлинското срце, вештачки срцев имплант, со цел да го подобри дизајнот на оваа направа.[2]

Признанија

уреди

Професор Марсден е добитник на неколку награди од областа на истражувањето и наставната дејност.[1] Таа е исто избран член на битни здруженија во нејзината струка:

Библиографија

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Alison Marsden's Profile | Stanford Profiles“. profiles.stanford.edu (англиски). Посетено на 2019-07-20.
  2. Goldberg, Kenny. „UC San Diego Engineers Try To Redesign Heart Pump“. KPBS Public Media (англиски). Посетено на 2019-07-20.
  3. „SIAM Announces Class of 2018 Fellows“. SIAM News (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-01-11. Посетено на 2019-07-20.
  4. „Alison L. Marsden, Ph.D. COF-3092 - AIMBE“ (англиски). Посетено на 2019-07-20.