Александра Ковачевска

Александра Ковачевска-Цана родена Пановска ( 1928 во В’мбел, Егејска Македонија, Грција — ) — борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.[1]

Александра Ковачевска (Пановска)
Родена 1928
В’мбел, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, денес во склоп на  Грција
Народност Македонка
Занимање учесник во ДАГ и пејачка
Сопружник Милтијади Ковачевски
Татко Никола Пановски
ЌеркаЈованка Ковачевска

Животопис

уреди

Семејство

уреди

Во НОБ на Македонија и во Граѓанската војна во Грција е учесник од 1943 до 1949 година. Целото нејзино семејство учествувало во национално-ослободителното движење. Татко и Никола Пановски бил предвоен комунист, кој за времето на НОБ бил позадински работник, а во Граѓанската војна бил секретар на Окружниот одбор на НОФ за Костурско. Александра била член на Окружниот одбор на АФЖ и политички комесар на чета на раненоносачката единица од реонот Вичо - Малимади се до капитулирањето на ДАГ. Тогаш преминала во Албанија, а од таму емигрирала во Чехословачка, од каде во Македонија со својот сопруг првоборец Милтијади Ковачевски (родум од Смрдеш, Костурско) и три малолетни деца дошла во 1966 година.[1]

Костурчанки

уреди
 
Костурчанки (од лево кон десно): Лина Цалева, Евдокија Балева - Фотева - Вера, Киља Шмагранова, Александра Ковачевска, Марика Макриевска и Василка Чочева.

Александра во групата „Костурчанки” членувала од 1971 година. Заедно со Киља Шмагранова ги започнувала песните. Пеела и како сопран во хорот„ Борец ” од неговото формирање.[1]

Членовите на семејството од Александра биле познати песнопејци. Нејзините родители и брат и биле љубители на изворниот мелос. Таа традиција ја продолжиле и нејзините деца. Цана со својата ќерка Јованка членувале во КУД „Орце Николов” - Скопје.[1]

Позната е изјавата на Александра: „Иако станавме баби, имаме и внучиња, ќе играме и ќе пееме додека имаме душa, нека нашата песна и оро од Костурско се чуе насекаде, за да не се заборави никогаш.”[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ристески, Стојан (1988). Костурчанки: прилог кон проучувањето на фоклорот од Костурско. Скопје: Наша книга. стр. 52–53. ISBN 978-86-373-0092-2.