Василка Чочева
Василка Чочева родена Попјанева ( 1922 во Д’мбени, Егејска Македонија, Грција — ) — македонски партизан, член на КПГ, борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.[1]
Василка Чочева (Попјанева) | ||
Родена | 1922 Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, денес во склоп на Грција | |
---|---|---|
Народност | Македонка | |
Занимање | учесник во ДАГ и пејачка | |
Сопружник | Васил Чочев | |
Сестра | Љубица Попјанева | |
Сестра | Парашкева Попјанева |
Животопис
уредиСемејство
уредиТаа била член на КПГ од 1938 година, а директен учесник во НОБ на Македонија од 1943 година. Нејзиниот сопруг Васил Чочев (од Д’мбени) бил истакнат револуционер - позадински работник. Тој бил повеќе пати затворан од грчката власт. Италијанските окупатори во 1941 година го осудиле и го испратиле во злогласните логори во Германија. По капитулирањето на Германија, се вратил во Егејска Македонија и се вклучи во НОФ и загинал во големата офанзива на Грамос во 1948 година.
Василка со малолетното дете по уништувањето на селото Д’мбени од монархофашистите пребегала во Југославија.[1]
Костурчанки
уредиЧлен на групата „Костурчанки” е од нејзиното формирање вo 1970 година. Имала исклучително мелодичен глас. Песните „ги фаќала и ги кревала и ги гртела". Таа била голем архивар на групата. Сите презентирани песни преку радио-телевизијата ги имала снимено на ленти и ги чувала сите фотографии од нивните јавни настапи. Пеела и во хорот „Борец” од неговото формирањето.[1]
За фолклорот кој го негувале со Костурчанки изјавила:
„Бидејќи останав млада вдовица и бев принудена од грчките монархофашисти да го напуштам родното село со своето дете, ја почувствував горчината на животот, ми се чини, како никој друг. Иако сум сега баба на две малолетни внучиња, пеам и играм во „Костурчанки” како некогаш што пеевме и игравме во нашето Д’мбени, за да се чуе и остане, да јa продолжат традицијата и младите генерации. Нашиот костурски фолклор не смее да се заборави.”[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристески, Стојан (1988). Костурчанки: прилог кон проучувањето на фоклорот од Костурско. Скопје: Наша книга. стр. 54–55. ISBN 978-86-373-0092-2.