Киља Шмагранова родена Ризова ( во Д’мбени, Егејска Македонија, Грција — ) — борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.[1]

Киља Шмагранова (Ризова)
Родена Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, денес во склоп на  Грција
Народност Македонка
Занимање учесник во ДАГ и пејачка на македонски фолклорни песни
Сопружник Јото Шмагранов
Мајка Цвета Ризова
БратЖивко Ризов
СестраЕлена Ризова
СестраЛина Цалева
ЌеркаМарија Шмагранова

Животопис

уреди

Семејство

уреди

Киља е правнука на војводата Лазар Поптрајков. Во НОБ и во Граѓанската војна во Грција со својот сопруг Јото учествувала од 1943 до 1949 година. Јото во ДАГ служел во коњичката единица, а таа како партизанка во известителната служба на Главниот штаб на ДАГ. Директни учесници во народноослободителното движење биле и двете нејзини сестри: Лина и Елена (Ленка) и брат и Живко. Ленка загинала како потпоручник во мај 1948 година во големата офанзива на Грамос. Во ДАГ загинал и нејзиниот поголем девер Кирјако Цалев.[1]

По уништувањето на Д’мбени во 1948 година, како стари и исцрпени, родителите на Јото (сопругот на Киља) од Генералниот Штаб на ДАГ биле испратени во тогашна Југославија. По капитулацијата на ДАГ, кај нив дошол и Јото, додека Киља по поразот на НОД преминала во Албанија, од каде била испратена во Полска. Со својата ќерка Маре од Полска во Македонија се вратила во 1959 година.[1]

Костурчанки

уреди
 
Костурчанки (од лево кон десно): Лина Цалева, Евдокија Балева - Фотева - Вера, Киља Шмагранова, Александра Ковачевска, Марика Макриевска и Василка Чочева.

Во групата „Костурчанки”, членувала од формирањето во 1970 година. Таа заедно со Александра Ковачевска и Лина Цалева „ги фаќала" влечените, гртените и уканите пеани. Била учесник во сите зафати и активносги на групата.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристески, Стојан (1988). Костурчанки: прилог кон проучувањето на фоклорот од Костурско. Скопје: Наша книга. стр. 51. ISBN 978-86-373-0092-2.