Асоцијација на архитекти на Македонија

(Пренасочено од ААМ)

Асоцијација на архитекти на Македонија или ААМ — здружение на граѓани и непрофитна организација, чии средства се користат за поддржување и остварување на сопствените цели и активности утврдени со програмата за работа и одредбите од Статутот на ААМ.

Асоцијација на архитекти на Македонија
Лого на ААМ
Основана1952[1]
СедиштеСкопје, Македонија Македонија
Мреж. местоhttp://www.aam.org.mk/

Историја уреди

Асоцијација на Архитекти на Македонија е основана во 1952 година во Скопје како Друштво на архитекти на Македонија. Од 1980 – 1999 година работи како Сојуз на архитекти на Македонија (САМ). а од 1999 година како Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ).

Цели уреди

Целите, одредбите и делокругот на работата на ААМ се подредени на поширокиот интерес за развој, унапредување и афирмација на архитектонската професија, како на територијата на Р Македонија, така и во меѓународни рамки. Во таа смисла, ААМ особено се грижи за:

  • развојот на архитектурата и архитектонското творење во Р Македонија.
  • афирмација на македонската архитектура и творештвото во меѓународни рамки.
  • следење на случувањата на полето на архитектурата и вклучување во современите текови на развојот на архитектонската мисла, теорија и практика.
  • следење и унапредување на нивото на архитектонската едукација, практика и квалитетот на архитектонската продукција.
  • следење и присуство во работата на органи и институции кои ја регулираат материјата на архитектонската практика и донесуваат прописи и *закони од доменот на архитектурата, градежништвото и просторното планирање и давање на релевантни мислења по однос на истите.
  • сестрано унапредување на архитектонската практика во Р Македонија до високи меѓународни стандарди.
  • учество во стручни и јавни расправи, давање на експертизи и рецензии за проекти од областа на архитектурата, просторното планирање, животната средина, културата и културното наследство.
  • заземање на принципиелни стојалишта по прашања што се однесуваат на квалитетот на интервенциите во просторот, архитектонските вредности и вредностите во целинана културата на живеење на просторот на Р Македонија.
  • организирање на стучни или друг вид на собири, предавања, советувања, симпозиуми, конференции и стручно-научни трибини.
  • градење на професионален архитектонски кодекс на однесување помеѓу самите архитекти и останатите професионални структури што учествуваат во процесот на архитектонското чинодејствие.
  • подобрување на статусот на архитектите и положбата на архитектонската професија во Р Македонија, во смисла на заштита на архитектите и нивните професионални интереси и посебно за заштита на авторските права.
  • соработка со слични или сродни институции од земјата или странство или со други здруженија на граѓани и фондации, преку активно учество во дел од нивните работни програми што се од посебен интерес за ААМ.
  • задоволување на специфичните интереси и афинитети на нејзините членови преку развивање на различни нивоа на издавачката дејност.

организирање на стручни посети или екскурзии во места каде се сслучуваат важни настани од областа на архитектувата, во земјата и странство.

  • стручно усовршување и перманентна едукација на архитектите и подигање на нивниот општествен и професионален углед.

активна соработка со Меѓународната Унија на Архитекти (UIA) и вклучување во работата на глобалните или рагионални програми на оваа врвна меѓународна архитектонска асоцијација.

Учество во интернационални организации уреди

Асоцијацијата на архитекти на Македонија е членка на Меѓународната Унија на Архитекти (UIA), членка на втората регија на (UIA) и од 2008 година благодарение на Министерството за култура на Р Македонија членка посматрач на Архитектонскиот Совет на Европа (АCE).

Важни институции на ААМ уреди

Во рамките на Асоцијацијата на архитекти на Македонија делува и Архитектонската академија – АА во која досега членуваат деветнаесет највидни архитекти – доајени на македонската архитектура. Членовите на Академијата се добитници на наградата за животното дело и големи достигнувања на полето на архитектурата “Андреја Дамјанов”.

ААМ е организатор на Биеналето на македонската архитектура – БИМАС, кое е воспоставено во 1981 година и на кое се презентира двогодишната продукција на македонските архитекти. Една од многу значајни следечки манифестации на БИМАС е изложбата на Биеналето на студенти по архитектура - БИСТА што традиционално ја организира Архитектонскиот факултет во Скопје.

Награди на ААМ уреди

Асоцијацијата ги доделува следните награди:

  • “ Голема годишна награда за архитектура” за најуспешно реализиран објект во тековната година. Покровител на оваа награда е Претседателот на Р Македонија.
  • “ Гран При на БИМАС “ (Биенале на македонската архитектура) занајуспешен реализиран објект.
  • “ Награда Андреја Дамјанов “ за животно дело и големи достигнувања од областа на архитектурата.

Наводи уреди

  1. Како Друштво на архитекти на Македонија