Стапка (мерка)

(Пренасочено од Стапка (должина))

Стапка (англиски: foot, множ. feet; симб. ft, ст или )[1] е единица мерка за должина во разни системи како англиските, британските и американските мерни единици. Должината ѝ варира од систем до систем, но секоја е околу четвртина до третина метар. Денес најчсто се користи меѓународната стапка. Во 1 јард има 3 стапки, а во една стапка има 12 инча.

1 стапка =
американски/империјални
12 in (ин) 1/3 yd (јд)
SI-единици
0,3048 м (m)
Должина на стапката по земји, таблица 1848 година
Неслужбен јавен империјален систем мерки кој бил обесен на ѕидот на опсерваторијата во Гринич (денес предградие на Лондон), во 19 век: 1 британски јард, 2 стапки, 1 стапка, 6 палци и 3 палца. Посетителот можел да ја провери својата мерка меѓу граничниците на температура на околината од 62 °F (16,7 °C).

Стапката е честа мерна единица во САД, Обединетото Кралство и Канада. Во САД и ОК личната висина се изразува во стапки и инчи. Во Канада пак, сè повеќе се употребуваат метри за висина, а стапки за растојание.

Меѓународна стапка уреди

Во 1958 во САД и земјите од Комонвелтот меѓународниот јард е дефиниран како 0,9144 метри. Така, меѓународната стапка се дефинира како еднаква на 0,3048 метри (еквивалент на 30,48 сантиметри).

Стандардниот меѓународен симбол за стапка е „ft“ (погл. ISO 31-1, Прилог A). Во некои случаи се користи прим, кој е многу сличен на апостроф, а инчот со прим. на пример, 6 стапки 2 инча се пишува како 6′2″. Ова е збунувачко затоа што примот и двојниот прим се исто така симболи за лачни минути и лачни секунди.

Американска геометарска стапка уреди

Во САД геометарската стапка се дефинира како 1200/3937 метри. Се користи исклучиво за мерења на Американската крајбрежна и геодетска инспекција. Оваа стапка е поголема за 610 нанометри од меѓународната стапка. [1]

Историјат уреди

Стапката како мерка се користела речиси во сите култури и се делела на 12 или понекогаш 10 инча/палца или на 16 прсти. Првата позната стандардна стапка постоела во Сумерија, каде е дефинирана на статуата на Гудеја од Лагаш околу 2575 п.н.е. Некои метролози сметаат дека стапката била прифатена и како египетска мерка во Стара Грција и дека токму од таму римјаните ја презеле својата стапка (која е поголема).

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. наречен „прим“

Надвцорешни врски уреди