Ана Пејчинова

македонска поетеса, писателка, преведувач, блогер, хуманитарец и авантурист

Ана Пејчинова — македонска поетеса, писателка, преведувач[1], блогер, хуманитарец и авантурист.[2]

Ана Пејчинова

Животопис

уреди

Родена 1973 г. во Скопје, Македонија. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност во 1997 г. (Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје, Филолошки факултет Блаже Конески), и продолжила на соодветната Катедра за компаратистика на докторски степен на Филозофскиот факултет при Карловиот Универзитет во Прага. Студиите ги завршила во 2002 г. со интердисциплинарна тема (на македонски: Кристали на несвесното или оригиналната англиска верзија: The Crystals Of The Unconscious). Паралелно со студиите, посетувала и дополнителни курсеви по обука во Системски коучинг ([Systemic Changework]), облик на психотерапевтска работа, во Прага и Варшава. Се стекнала со степен на постар коуч и имала приватна пракса во Прага 2000-2002, со поединечни клиенти и групна работа со семејни констелации за јавност.

 
Ана во Авганистан

Во 2002 г., се враќа во Македонија. После серија на краткорочни ангажмани во културата и проектниот менаџмент, на кратко беше ангажирана од УНДП во Скопје. Веднаш добила и понуда да работи за Мисијата на асистенција на Обединетите Нации во Авганистан (United Nations Assistance Mission to Afghanistan). Работела таму седум месеци како Провинциски офицер за граѓанско образование на Претседателските избори на земјата. По изборите, е регрутирана од ИОМ (International Organization for Migration) како Шеф на гласачко образование за Ирачките избори за дијаспората во Канцеларијата во Копенхаген, Данска. По ирачките избори, се враќа во Авганистан со УНОПС (United Nations Office for Project Services) како Регионален офицер за граѓанско образование за Парламентарните избори на земјата.

После толку интересни искуства, решава да студира пак, втор факултет, овој пат магистерски студии од Политички науки. Во 2006-та, се стекнува со титулата магистер на Средноевропскиот универзитет во Будимпешта (CEU), дел од мрежата на Институтот Отворено општество - Фондација Сорос, како најдобар студент на класата со награда за исклучителни академски остварувања. Тезата, не е чудо, ѝ беше, Авганистан: Создавање на демократија на војсководци.

2007: Лашкар Гах, Хелменд, вработена во Кемоникс (Chemonics), приватна развојна фирма, главен субконтрактор на УСАИД во земјата. Проект: Програма за алтернативен развој - Јужен регион на Авганистан.

2008: Багдад, Ирак. Работи за Групата Луи Берџер (Louis Berger Group) како специјалист за извештаи и комуникации, при проектот Инма - развој на агрибизнис на УСАИД.

Библиографија

уреди

Авгански дневници. Едиција: Блог-записи. Скопје: Издавачка куќа Аквариус пет (март 2008) [3]

Четирите Зои. Превод на еп од Вилијам Блејк. Скопје: КММ (април 2007)
Филозофијата во доба на терор: Интервју со Жак Дерида. Превод. Лично мрежно место, семрежно издание (февруари 2007). Печатено издание во подготовка: Скопје: НИК Лист.
Постмодернизирање на Авганистан (текст). Будимпешта: CEU Political Science Journal (јан 2007)
Замислена Европа: Нужни насилства на миротворниот идентитет (текст). Во: Политичка мисла. Берлин/Скопје: Фондација Конрад Аденауер (дек 2006)
Човекот кого времето го имаше (расказ). Сивиот ангел (циклус песни). Белград: БКГ бр. 7 (2006).
Демонизацијата на Авганистан (прилог). Скопје: Дневник (28 окт 2006)
Авганистан: Создавање на демократија на војсководци (магистерска дизертација). Будимпешта: Универзитетска онлајн архива на студентски тези (јуни 2006)
Критика на сиромаштијата (текст). Во: Политичка мисла. Берлин/Скопје: Фондација Конрад Аденауер (феб 2004)
Книгата е книга е-книга (текст). Во: Политичка мисла. Берлин/Скопје: Фондација Конрад Аденауер (сеп 2003)
Светлини и сенки: стихови од Елен Дорион. Избор и превод од француски. Скопје: Струшки вечери на поезијата, едиција Плејади (2003)
Животот и светото (текст). Меѓународен поетски фестивал во Муккула, Финска (јуни 2003).
Кристали на несвесното: Системската парадигма на човековиот ум (докторска дизертација). Лично мрежно место, семрежно издание (октомври 2002).
Позицијата на субјектот и јазичниот дискурс на историјата. Скопје: Мираж бр. 1 (мар 2002)
Abridging (Мостување): поема од Гордана Стојковска. Превод на англиски. Скопје: КММ, едиција Медија (1999)
Златните раце на демонот (поезија). Скопје: КММ (1999)
The Forgotten Eye of the Sky (Заборавеното око на небото): песни од Глигор Стојковски. Превод на англиски. Скопје: Детска радост (1997)
Реч за настанувањето. Предговор кон Предигра од Катица Ќулавкова. Скопје: Детска радост (1998)
Ѕверот и проѕирот (поезија). Битола: Развој (1997)
Приказни за безвремето. Предговор кон Боја на безвремето од Гордана Стојковска. Скопје: Штрк (1996)
Деогае (поезија). Скопје: КММ, едиција Алфа (1995)

Преводи на авторска поезија на други јазици со онлајн едиции

уреди

полски: Krasnogruda No. 11;The Borderland Foundation
австриски: Lichtungen- special 100th Edition of the Journal for Literature, Art and Contemporary Criticism
фински: Mukkula International Poetry Festival
француски (Канада): Les јеux de la frankophonie

Преводи на дела

уреди

Преводот на Четирите Зои на Вилијам Блејк е првото печатено дело од областа на книжевноста заштитено според Лиценцата на Споделбено добро - (Creative Commons License), 'некои права се заштитени.' Во име на промоција на принципот на Отворен пристап (ОП) кон дела од областа на науката, образованието и културата, Предговорот на печатената книга содржи појаснување за новиот тип на заштита на авторски права и врска до бесплатната онлајн верзија на овој еп.
Превод на Жак Дерида, Филозофија во време на терор, серија на текстови од Морис Бланшо од Просторот на книжевноста, неколку приказни и препевот на Руми.

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 196 - 197.
  2. Ана Пејчинова Архивирано на 15 јуни 2008 г. - лична страница. [Страницата е посетена на 21 јули 2008]
  3. Afghan Journals Архивирано на 19 ноември 2008 г. - блогот на Пејчинова. [Страницата е посетена на 21 јули 2008]