Авантурите на Том Соер

„Авантурите на Том Соер“ (англиски: The Adventures of Tom Sawyer) — роман на американскиот писател Марк Твен од 1876 година.

Авантурите на Том Соер
The Adventures of Tom Sawyer
Цртеж на првата страница од Авантурите на Том Соер, 1876, прво издание
АвторМарк Твен
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
ЖанрОбразовен роман, пикарски роман, сатира, детска книжевност
ИздавачАмериканска издавачка компанија
Издадена
9 јуни 1876[1]
OCLC47052486
813.4
Клас. КБPZ7.T88 Ad 2001
СледнаАвантурите на Хаклбери Фин 

Содржина

уреди

Романот се состои од предговор, 35 глави и заклучок.

Во предговорот, напишан во Хартфорд, 1876 година, авторот соопштува дека повеќето од авантурите опишани во романот се вистинити, и тоа, една или две ги доживеал тој, додека другите ги доживеале неговите некогашни училишни другари. Притоа, ликот на Хаклбери Фин бил пресликан од животот, а ликот на Том Соер го создал врз основа на три момчиња кои ги познавал. Најпосле, авторот нагласува дека главната цел на книгата е да „им послужи на момчињата и девојчињата за забава“, но и да ги потсети „возрасните на тоа што и самите биле некогаш“.[2]

Том Соер е палаво момче кое живее во малото место Сејнт Питерсбург, во САД. Бидејќи неговата мајка е почината, тој живее со тетка му Поли. Неговиот најдобар другар се вика Џо Харпер и двајцата често играат игри со разбојници, војници или пирати. Еден ден, Том забележува ново девојче, Беки Тачер, и се вљубува во неа. Подоцна, Том се запознава со сиромашниот бедомник Хаклбери Фин и тие стануваат другари. Хаклбери му предлага ноќе да појдат на гробиштата и со помош на неговата мртва мачка да направат ритуал за отстранување на брадавиците. Таму, тие забележале тројца мажи: сиромашниот алкохоличар Маф Потер, докторот Робинсон и озлогласениот разбојник, Црвенокожецот Џо. Додека се договараат да ограбат еден гроб, меѓу нив започнува кавга при што Џо го убива докторот, го остава крвавиот нож во рацете на онесвестениот Маф и бега од местото. Том и Хаклбери Фин го набљудуваат настанот и се заколнуваат дека никому нема да кажат. Исплашен од можноста да биде убиен од Џо, Том Соер одлучува да избега и, заедно со Џо Харпер и со Хак Фин, прави сплав со кој пловат по реката и доаѓаат на еден остров. Таму, тие се забавуваат неколку дена, но сепак се враќаат дома. Неколку дена подоцна се одржува судењето на Маф Потер на кое Том е повикан како сведок. Тој го опишува она што го видел на гробиштата, но разбојникот Џо успева да избега пред да го заробат. Целото место го слави Том како херој, но тој е уште поисплашен од одмаздата на Црвенокожецот Џо. Еден ден, Том и Хак пребаруваат една стара куќа, барајќи го скриеното богатство, а во куќата се наоѓаат Џо и уште еден разбојник. Притоа, тие ја слушаат изјавата на Џо дека сака да им се одмазди на жителите. Том и Хак си ветуваат дека ќе го пронајдат и ќе го спречат разбојникот. Во меѓувреме, Беки го кани Том на својот роденденски излет, каде децата ја посетуваат пештерата Мекдаглас. Беки и Том се оддалечуваат од групата, решени да ги истражат длабочините на пештерата. Откако минале неколку часа, децата си заминале дома, а Беки и Том останале сами, без храна и вода. Во градот, Хак ги забележува разбојникот Џо неговиот придружник, ги следи и, прислушкувајќи го нивниот разговор, сфаќа дека тие планираат да убијат една вдовица. Хак му кажува на еден човек, кој со своите синови заминува во потера по разбојниците, но Џо успева да побегне. Во меѓувреме, Беки и Том се обидуваат да го најдат излезот од пештерата. Том открива дека во пештерата се наоѓа и Црвеникожецот Џо. Најпосле, Том и Беки успеваат да излезат од пештерата и се враќаат дома, а Том му кажува на судијата дека Џо се наоѓа во пештерата. Кога луѓето пристигаат во пештерата, разбојникот Џо е веќе мртов. Том има идеја каде се наоѓа скриеното богатство на разбојникот. Тој и Хак влегуваат во пештерата низ таен тунел и ископуваат сандак со неколку револвери и 12 000 долари. Така, Том и Хак стануваат богати, а Хак се вселува кај вдовицата.[3]

Во заклучокот, авторот соопштува дека мора да ја прекине приказната зашто се работи за животот на едно момче, а еден ден, можеби ќе раскаже за главните ликови како возрасни луѓе.[4][5]

Осврт кон романот

уреди

Изданија на македонски јазик

уреди

Романот „Том Соер“ доживеал повеќе изданија на македонски јазик, како:

Наводи

уреди
  1. Facsimile of the original 1st edition.
  2. Марк Твен, Том Соер. Скопје: Алби, 2014, стр. 5.
  3. 3,0 3,1 Марк Твен, Том Соер. Скопје: Алби, 2014.
  4. Марк Твен, Том Соер. Скопје: Алби, 2014, стр. 249.
  5. Марк Твен, Том Соер. Скопје: Култура, 1973, стр. 214.
  6. Марк Твен, Том Соер. Скопје: Култура, 1963.
  7. Марк Твен, Том Соер. Скопје: Култура, 1973.