Томас „Том“ Соер — лик во романот на Марк Твен, „Авантурите на Том Соер“ од 1876 година. Исто така, тој се појавува во уште три негови романи: „Авантурите на Хаклбери Фин“ (1884 година), „Том Соер во странство“ (1894 година) и „Том Соер, детектив“ (1896 година), како и во уште најмалку три недовршени дела на Твен: „Хак и Том меѓу индијанците“, „Училиште Хил“ и „Заговорот на Том Соер“. Иако сите три недовршени дела се објавени по неговата смрт, само Заговорот на Том Соер има целосна содржина.

Преден план од Авантурите на Том Соер од Марк Твен (1 -ви издание, 1876)
корица од Авантурите на Том Соер од Марк Твен (1 -ви издание, 1876)

Името на измислениот лик можеби е земено од вистинскиот Том Соер, со кого Твен се запознал во Сан Франциско, Калифорнија, додека бил вработен како репортер. Самиот лик е спој од три момчиња што Твен ги познавал додека растел. Името Соер е изведено од реката Мисисипи, од поим на пилот за „дрво кое се наоѓа во коритото на реката, со гранки кои го дофаќаат копното и се движат горе-долу со струјата“. Твен, во еден период, бил пилот на река и многу авантури на неговиот лик, Том Соер, се поврзани со реката Мисисипи и делумно произлегуваат од ова искуство.

Опис на ликот

уреди

Том Соер е 14 или 15 години, како што може да се заклучи од навестувањата во делата на Твен. Роден е во град на реката Мисисипи, каде што пораснал. Намерата е Том да го претставува слободниот и прекрасен свет на момчешките години во предвоениот период. Типично за момчињата од тој период, тој сака да оди бос поголем дел од времето. Меѓу најдобрите пријатели му се Џо Харпер и Хаклбери Фин. Во Авантурите на Том Соер, очигледен е љубовниот занес на Том за неговата соученичка Ребека „Беки“ Тачер. Том живее заедно со неговиот полубрат Сид, со неговата братучетка Мери и со неговата сурова тетка Поли во (измислениот) град Петерсбург, Мисури. Дополнително, има уште една тетка, Сели Фелпс, кој живее значително подолу по текот на Мисисипи, во градот Пиксвил. Том е син на починатата сестра на Поли.

Том Соер е палав, непредвидлив во постапките, фантазер и авантурист. Тој ги содржи сите компоненти на децата од целиот свет. Сепак, некоие негови особини се хиперболизирани. Том е премногу храбар, издржлив, а среќата секогаш е на неговата страна.Преку ликот на Том Соер, Марк Твен проповеда слобода на детството, слободно изразување на детската личност, слободен развој на склоностите и способностите.[1]

Во Авантурите на Хаклбери Фин, Том е спореден лик и е претставен како подлога за Хак, особено во подоцнежните поглавја, откако Хак сам оди на плантажата Фелпс. Незрелоста, фантазијата и опсесијата на Том со приказни, го става планот на Хак за спасување на побегнатиот роб Џим во голема опасност - и на крај го прави потполно непотребен, бидејќи знае дека сопственикот на Џим е починат, а пред смртта го ослободил. Во романот, централна тема е интелектуалниот и емотивниот развој на Хак и преку повторно претставување на лик од почетокот (Том), Твен може да го нагласи овој развој во карактерот на Хак.

Ликот на Том Соер во дела на други автори

уреди
  • Во 1946 година, во филмот на Френк Капра, „Прекрасен живот“, ангелот-чувар на главниот лик, Кларенс Одбоди (го игра Хенри Травис), има копија од „Том Соер“ која подоцна му ја дава на Џорџ со кратка, но значајна порака во внатрешноста на страната, пред да заврши филмот:„ Драги Џорџ, запамти дека никој не е неуспешен, сè додека има пријатели. Благодарам за крилјата. Со љубов, Кларенс.“
  • Во 1968/1969 година, се појавила серијата „Новите авантури на Хаклбери Фин“ со ликовите: Том Соер, Беки Тачер и Хаклбери Фин кои се прогонувани од Индијанецот Џо.
  • Една песна на музичката група „Раш“ (Rush) е насловена „Том Соер“.
  • Една песна на српскиот музичар Ѓорѓе Балашевиќ се вика „За сè е виновен Том Соер“ („Za sve je kriv Toma Sojer“) која се наоѓа на неговиот музички албум „Паб“ од 1982 година. Во песната се пее за три момчиња кои бегаат од дома, под влијание на „Авантурите на Том Соер“.
  • Филмот „Лигата на извонреден џентлмен“, го прикажува Том Соер како возрасен човек. Во филмот, тој е „специјален агент Том Соер“ во тајната служба на САД. Соер чувствува привлечност кон вампирскиот член на тимот Мина Харкер.
  • Во „Прилично чудни родители“, во епизодата „Времетраење“, Тими сака Том да излезе од книгата и да му напише есеј за неговите авантури. Наместо тоа, Том го измамува Космо да го продаде своето стапче за часовите по уметност и привилегијата за варосување на стражарската ограда. Кога дознава за тоа, Тими му се заканува на Том дека ќе го врати назад во книгата. Том не сака да се „врати назад во Мисури“ и затоа почнува да ја менува содржината на другите книги, сè со цел да му побегне на Тими.
  • Во „Симсонови“, во епизодата „Неверојатните измислици на Симсонови“, последната измислица раскажана од скитникот е пародија на „Авантурите на Том Соер“, во која улогата на Том Соер е заменета од Барт Симсон, а улогата на Хаклбери Фин е заменета со Нелсон.
  • Во филмот „Лесната А“ (Easy A), Олив (ја игра Ема Стоун) спомнува дека повеќето книги кои се читаат во средните училишта се значајни за работите што се случуваат во училиштата, но Авантурите на Том Соер е значаен исклучок, напоменувајќи дека книгата е за младо момче кое побегнува со постар црнец. Подоцна во филмот, Брендон (Ден Бирд), кој всушност е хомосексуалец, побегнива заедно со својот постар црн партнер. По слушање на веста, Олив извикува „Мое извинување до Марк Твен“.
  • Том Соер е претставен во „Волшебниците од местото Ваверли“ (во епизодата „Новата девојка на Макс“), каде Макс се претставува како Том Соер за да ја импресионира својата нова девојка.

Наводи

уреди
  1. Глигор Поповски, „Марк Твен: Том Соер“, во: Марк Твен, Том Соер. Скопје: Култура, 1973, стр. 215.