Џума (Кајларско)
Џума или Џумаја (грчки: Χαραυγή, Харавги, до 1961 г. Αμύγδαλα, Амигдала,[2] до 1928 Τζουμά, Ѕума[3]) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Кожани на Кожанскиот округ на областа Западна Македонија, Грција.
Џума Χαραυγή | |
---|---|
Координати: 40°26.31′N 21°50.27′E / 40.43850° СГШ; 21.83783° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожани |
Општина | Кожани |
Општ. единица | Хелеспонт |
Надм. вис. | 732 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 6 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото наоѓа во рамницата Сариѓол, во западното подножје на планината Каракамен.
Историја
уредиОсманлиско време
уредиСворевемено Џума била најголема населба во Кајларската каза и нејзино седиште. Кога Сариѓолското Блато почнало да се прошитува, се појавила маларија и седиштето е префрлено во Кајлари, поради што тоа почнало да расте повеќе.[4]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Џумаја (Djoumaya) било село во Џумалиската каза со 600 домаќинства од 1180 жители муслимани.[5]
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Џума:
„ | На половина час на запад одовде [Бајракли] се наоѓа муслиманското село Џума, поделено на два дела, од кој едниот е во шумовита месност, а другиот во рамницата. Во него има 36 куќи и 105 нуфузи, кои плаќаат 3800 пјастри данок. Во селото има 2 џамии и неколку извори со добра вода. Близу до селото во петок се одржува пазар.[6] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година Џумаја е турско село в Кајлярската каза со 850 жители Турци.[7]
Според грчка статистика од 1904 г. во Џума (Τζουμά) живеат 700 Турци.[8]
Во Грција
уредиПо Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1920-тите години турското население е иселено и на негово место се грчки доселеници од Мала Азија. Во 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско, сочинето од 299 семејства на 1256 грчки доселеници.[9] Истата 1928 г. селото е преименувано во Амигдала, а во 1961 г. во Харавги. Подоцна е преместено и почнува да се нарекува Нова Џума (Неја Харавги). Старото село Џума во 2011 година се води со 6 жители.
Име | Име | Ново име | Ново име | Опис |
---|---|---|---|---|
Трипан Чаир[10] | Τρυπάν Τσαΐρ | Ливади | Λιβάδι[11] | месност на ЈЗ од Џума[10] |
Селме | Σελμὲ | Вриси Кардијас | Βρύση Καρδιάς[11] | |
Бејка | Μπέηκα | Като Синикија | Κάτω Συνοικία[11] | |
Трап | Τράπ | Амбелија | Άμπέλια[11] | |
Грумуради[10] | Γκρουμουράδι | Рема | Ρέμα[11] | река на СИ од Џума[10] |
Личности
уреди- Родени во Џума
- Митко Атанасов (? – 1912) — учесник во Првата балканска војна во состав на Македонско-одринските доброволни чети, загинал на 5 ноември 1912 г.[12]
- Теофилакт Георгијадис (р. 1951) — јордански архиепископ на Ерусалимската патријаршија
- Јероклис Михаилидис (р. 1960) — глумец
- Други
- Соња Теодориду (р. 1958) — оперска пејачка по потекло од Џума
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 303. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 98–99. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 165.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 270. ISBN 954430424X.
- ↑ Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1052. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 67. ISBN 954-9800-52-0.