Џорџ Гејлорд Симпсон
Џорџ Гејлорд Симпсон (англиски: George Gaylord Simpson; 6 јуни 1902 — 6 октомври 1984) бил американски палеонтолог, специјалист за изумрени цицачи и нивните меѓуконтинентални миграции.
Џорџ Гејлорд Симпсон | |
---|---|
Роден(а) | 16 јуни 1902 |
Починал(а) | 6 октомври 1984 | (возр. 82)
Националност | Американец |
Полиња | Палеонтологија |
Установи | Универзитет „Колумбија“ |
Познат по | Современа синтеза; квантна еволуција |
Поважни награди | Дарвин-Волесов медал (1958) Дарвинов медал (1962) |
Работа
уредиСимпсон веројатно е највлијателниот палеонтолог од дваесеттиот век. Во 1949 година го вовел поимот синтетичка теорија на еволуцијата, што значи теорија која ги обединува принципите на наследувањето, изразени во законите на Мендел и еволуционото учење на Чарлс Дарвин. Неговиот придонес за оваа теорија е изразен во книгите ,,Tempo and Mode in Evolution‘‘ (1944) и ,,Principles of Classification and a Classification of Mammals‘‘ (1945).
Интересно е да се забележи восхитувањето на Симпсон за теоријата на точкест еквилибриум која се појавила во 1944 (Симпсон го вовел поимот квантна еволуција) и демитологизирањето на фактот дека еволуцијата на коњите одела линеарно, со современиот коњ како нејзин краен резултат.
Симпсон бил професор по зоологија на Колумбискиот универзитет и куратор на одделот по геологија и палеонтологија во Американскиот природонаучен музеј во Њујорк од 1945 до 1959 година.
Од 1959 до 1970 Симпсон бил куратор на Музејот по споредбена зоологија на Харвард.
Награди
уредиЦитати
уреди„ | Човекот е резултат од еден беспричински и природен процес кој него не го имал на ум.[1] | “ |
„ | Не мислам дека еволуцијата е извонредно важна бидејќи е моја специјалност; таа е моја специјалност бидејќи мислам дека е извонредно важна.[2] | “ |
Книги
уреди- Attending Marvels (1931)
- Mammals and Land Bridges (1940)
- Tempo and Mode in Evolution (1944)
- The Meaning of Evolution (1949)
- Horses (1951)
- Evolution and Geography (1953)
- The Major Features of Evolution (1953)
- Life: An Introduction to Biology (1957)
- Principles of Animal Taxonomy (1961)
- This View of Life (1964)
- The Geography of Evolution (1965)
- Penguins (1976)
- Concession to the Improbable (1978)
- Splendid Isolation (1980)
- The Dechronization of Sam Magruder (посмртно објавена новела, 1996)
Наводи
уреди- ↑ George Gaylord Simpson, The Meaning of Evolution, revised edition (New Haven: Yale University Press, 1967), стр. 345.
- ↑ Larson, Edward J. (2004), Evolution, Modern Library, стр. 250, ISBN 0-679-64288-9
Надворешни врски
уреди- George Gaylord Simpson — full and comprehensive biography by L. F. Laporte
- George Gaylord Simpson Архивирано на 24 август 2009 г. — biographical sketch from The Stephen Jay Gould Archive
- George Gaylord Simpson — a short biography from the PBS Evolution website
- George Gaylord Simpson Papers, American Philosophical Society. Архивирано на 13 октомври 2008 г.