Непер
Непер (симб. Нп, Np) е логаритамска единица за соодносот помеѓу две величини, особено за акустични и електрични вибрации[1] (на пр. засилување и слабеење на сигнал). Единицата го добила името на шкотскиот математичар Џон Непер (1550-1617), изумител на логаритмите. Како и децибелот и белот, неперот (со мали букви) не се единици од Меѓународниот систем на мерни единици (SI), но е прифатен за употреба заедно со нив[2]
Дефиниција
уредиКако и децибелот, неперот е единица на логаритамската скала. Белот користи декаден логаритам за мресметка на соодносот, но неперот користи природен логаритам на основа на Ојлеровиот број (e ≈2,71828). Вредноста на еден сооднос во непери се добива вака:
каде и се бараните вредности, а ln е природниот логаритам.
Неперот се дефинира со сооднос на величини во поле (на пр. напонот или амплитудата на струјата кај електричните кола или притисокот во акустиката), додека децибелот е дефиниран со сооднос на моќ. Моќниот сооднос од 10log(сооднос) dB е еднаков на сооднос на величини во поле од 20log(сооднос) dB, бидејќи моќта е сразмерна на квадратот (Џулови закони) на амплитудата. Затоа неперот и децибелот го имаат следниов меѓусебен однос:
и
Децибелот и неперот имаат утврден и неменлив сооднос. Напонскиот сооднос е:
Како и децибелот, неперот е бездимензионална единица. Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) ги признава обете единици.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „непер“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
- ↑ Брошура: Меѓународен систем на мерни единици (SI), VIII изд., стр. 127-128 - МБТМ (англиски)
Надворешни врски
уреди- Што е тоа непер? Архивирано на 16 јули 2014 г. (англиски)
- Претворање на засилувања и слабеења на сигналите: непер, децибел и бел (англиски)