Откровение на Јован

(Пренасочено од Откровение)

Откровение на Јован или Апокалипса — името на последната книга од Новиот завет. Во текот на средниот век, таа била разделена на 22 глави.

Според името на текстот, авторот себеси се нарекува Јован, и во првата глава од текстот нагласува дека е слуга на Исус Христос и дека е во затворот во Патмос. Во раното христијанство исклучително се сметало дека автор на овој текст е апостол Јован. Денеска, околу ова прашање постојат мислења дека можеби не се работи за апостол Јован. Откровението било напишано во периодот околу 90 до 100 година.

Откровението е предмет на дискусии и различно толкување на голем број истражувачи и теолози. Самото послание зборува за Второто пришествие на Исус Христос и исполнувањето на божјиот план за победата над злото. Откровението било наменето за христијаните кои биле постојано прогонувани во империјата.

Откровението како мотив во уметноста уреди

Во романот „Доктор Живаго“, рускиот писател Борис Пастернак го нарекува Откровението на Јован „голема, вистинска уметност“.[1]

Наводи уреди

  1. Борис Пастернак, Доктор Живаго (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 135.