Џон Џозеф Першинг

Џон Џозеф Першинг (John Joseph Pershing) бил висок офицер на Оружени сили на САД. Ги имал добиено сите највисоки чинови до генерал на армија на САД. Бил водач на је Американските експедициони сили во Првата светска војна, американска војска во Европа во Втората светска војна.

Џон Џ. Першинг
Родено имеJohn Joseph Pershing
Прекари"Црниот Џек"
Починал15 јули 1848
Вашингтон
Потпис

Животопис

уреди

Џон Џ. Першинг е роден на 13 септември 1860 година на фарма близу Лаклид, во Мисури. Татко му бил стопанственик со германско-американско потекло. Се образувал во Лаклид во училиште за надпросечно интелигентни ученици. По училиштето бил учител на афроамериканските деца. Потоа студирал на сегашниот Труманов државен универзитет во Кирксвил. По две години се запишал на воената академија. Во младост бил кадет и офицер во Вест Поинт, а имал чест како млад да командува на погреб на претседателот Гранта. Како пропадник на коњичкиот пук стациониран во Форт Бајард, на Територија на Ново Мексико учествувал во неколку американско-индијански војни каде што се истакнал во борби со Апачи. Со своите двајца другари поручник Џулијус Пен и поручник Ричард Б. Педок биле именувани како “три зелени П“, заедно ловеле, правеле забави, а Педок станал негов зет за сестра.[1] Учествувал во задушување на последното востание на Сијуксите во 1890 година, бил учесник во масакрот кај Рането Колено.

 
Першинг како кадет

Потоа бил поставен за инструктор по тактика на Универзитот во Небраска до 1895 година, а таму и дипломирал на правни студии. Станал командант на 10 коњанички пук кој бил составен од афроамерикански војници и бели офицери и учествувал во депортација на Индијанци во Канада. Во 1897 година, Першинг станал инструктор на Вест Поинт, каде станал дел од тактичкиот штаб. Поради неговата строгост и високите критериуми, студентите го нарекувале Црнчуга Џек , а подоцна во текот на Првата светска војна новинарите го омекнале овој прекар во Црниот Џек

Бил привремено унапреден во текот на Шпанско-американската војна, се борел со коњаничкиот полк на Куба и бил одликуван. Таму заболел одмаларија, а по заздравување бил назначен за шеф на царина кој ги надјледувала окупационите сили на територии заземени во војната, вклучувајќи ги Куба, Порторико, Филипини и Гвам. Учествувал во Филипинско-американската војна и бил одликуван за храброст и тактика.

Во 1901 година, привременото унапредување му било повлечено по што служел како разузнавачки офицер и таму бил одликуван за хтаброст, по што бил унапреден во чин бригаден генерал.

Со барање на Теодор Рузвелт, во јуни 1903 година на Першинг му е наредено да се врати во САД. По барање на претседателот кој ги забележал неговите способности требало да биде унапреден во чин полковник, но генералштабот го одбил тоа барање, бидејќи праксата била официрите да се унапредуваат според старешинството а не според заслугите. Генералштабот одбил дури да ја разгледа можноста за неговото унапредување во чин потполковник или мајор. Ова го налутило Рузвелт, но немал моќ да ја смени одлуката на Генералштабот. Во 1904 година, Першинг бил поставен за помошник на началникпт на штабит на југоисточна армиска дивизија, стационирана во Оклахома Сити. Во октомври 1904година, се запишал на Армиски воен колеџ, но му било наредено да се јави во Вашингтон на должност.

Бидејќи Рузвелт не можел сè уште да го унапреди Першинг, од Конгрес побарал да го постават во дипломатска служба и тој станал воен аташе во Токио во 1905 година. Таа година се оженил со Хелен Франсес Ворен, ќерката на моќен американски сенатор Франсис И. Ворен, републиканец од Вајоминг. Според некои извори овој сојуз помогнал за неговата воена кариера. Во Руско-јапанската војна, Першинг служел како набљудувач, а потоа се вратил во Соединетите Држави на јесен 1905 година. Рузвелт ги искористил претседателските овластувања и од Конгреса побарал да го унапредат Першинг во чин бригаден генерал. Со одобрение на Конгресот, Першинг прескокнал три чина и повеќе од 835 офицери што биле постари од него. Во 1908 година, Першинг кусо време службувал како набљудувач на Балкан, но веднаш потоа бил повторно испратен на Филипини каде службовал до 1912 година.

Панчо Вилја, лична трагедија и Мексиканската револуција

уреди

Во јануари 1914 година, Першинг бил поставен за командант на 8 коњанички полк, стациониран во у Форт Блис во Тексас задолжен за безбедност на американско-мексиканска граница. Марта 1916, под командом генерала Фредерика Фанстона, Першинг го водел 8 полк во поход во Мексико против Панчо Вилја. По една година помината во Форт Блису, Першинг одлучил своето семејство да го одведе таму, но на 27 августа 1915 годин, Першинг добил телеграма со која е обавестен за страотен пожар во кој од чад се загушиле неговата сопруга Хелен и три помлади ќерки, единствено неговиот шестогодишен син Ворен бил спасен. Од загубата не се опоравил никогаш, по погребот се вратил во Форт Блис со својот син и со својата сестра. Во 1913 година се сретнал со Панчо Вилја.

 
Першинг со семејството

Прва светска војна

уреди

Кога Соединетите Држави влегле во Првата светска војна, американскиот претседател Вудро Вилсон анализирал можност за мобилизација на војската. Фредерик Фанстон, Першингов претпоставен во Мексико бил прв кандидат за командант на Американските експедициони сили (АЕФ), но ненадејно починал од срцев удар на во 1917 година. По кус разговор, Вилсон го именувал Першинг за командант, на таа должност тој останал до 1918 година. Першинг бил унапреден во чин генерал кој се грижел за организираење, тренинг и снабдување на комбинована проесионална и регрутирана војска и на силите на Национална гарда, која на почеток имала 27000 неискусни војници, но потоа прераснала во две армии (третата била у фаза на формирање кога војната завршила) со над два милиони војници.

Першинг имал огромна контрола бидејќи претседателт Вилсон и секретарот за војната Њутн Д. Бејкер му препуштиле сиот авторитет. Свесен за постојани проблеми на домашниот фронт, но меѓу сојузниците Бејкер на Першингу му дал овластување да командува без преседан, според своите убедувања да прави како што смета дека е најдобро. Першинг тие овластувања ги користел внимателно, не впуштајќи се во прашања што би можеле да му ја загрозат командата, а посебно водел сметка за односи помеѓу црните и белите војници кои биле премногу чувствителни, посебно со оглед на расистичките ставови на претседателот.

Како еден од главните помошници на Першинг, во тек на војната, служел генералот Џорџ Маршал. Првиот началник на штабот на Першонг бил стопанственик Џејмс Харборд, кој подоцна ја презел командата на фронтот но му останал најблискиот помошник на Першинг, а лојалноста кон него ја задржал и во подоцнежните години.

Од њујоршкиот пристан во Франција пристигнал во јуни 1917. Американскпто присуство во Франција го демонстрирал со маршиеање на дел од 16 пешадиски полк низ Париз, со гламурозно застанување и поздрав пред гробот на маркиз Лафајет. Американските сили фронтовски биле распоредени во Франција на есен во 1917 година. На почеток на 1918 година на фронт цели американски дивизии пристугнувале на фронт заедно со француските трупи. Першинг инсистирал единиците на да бидат под американската команда , без да бидат распоредени како дополнување на британски и француски полкови и бригади (иако 27 и 30 американска дивизија,биле позајмувани во тек на очајнички пролетни борби во 1918 година, како и на крајот на војната кога учествувале во пробивање на фронтот.

Во октомври 1918 година, Першинг забележал потреба за специјализирани сили на воена полиција, а првото американско училиште за воена полиција е воспоставено во Отун, Франција. Поради ова Першинг се смета за основач на воена полиција. Поради страотни проблеми на војниците со стапалата, во јануари 1918 година Першин надгледувал унапредување на „рововската чизма“, поради што таа била наречена како Першингова чизма.

Во августа 1918 година била формирана Прва американска армија, прво под директна команда на Першинг, а потоа под команда на Хантер Лигет, а потоа и Втората американска армија, под команда на Роберт Булард. По брза победа кај Сен Михијел, источно од Верден, некои поагресивни командири на Американски експедициони сили се надевале на брз продор до Мец, но тоа не се вклопувало во плановите наглавниот сојузнички команданта, маршал Фош. Наместо продо, а со помош на француските тенкови започнала големата офанзива кон север на мошне тежок терен кај Мезе-Аргон.

Кога пристигнал во Европа, Першинг отворено и со презир говорел за бавното рововско војување на Западниот фронт, убеден дека умешноста на американските војници ќе придонесе да се избегнат скапи и бесмислени загуби околу малите територии наа ничија земја. Британските и француските генерали ова го сметалр за сматрали нереално (како и некои американски генерали, Таскер Х. Блис и Хантер Лигет. Американски експедициони сили се покажале добро в релативно отворени борби во Втората битка на Марна, но генерално загубите што ги имала американската војска не биле помали од оние на француско-британските во офанзива на Сома две години порано.

Першинг во јавноста

уреди

Американските успеси во Првата светска војна во најголема мерка му биле припишани на Першинг. Потребата за создавање херој, за маркеринг со кој се будат патриотски и национални чувства, за успешна мобилизација секогаш имаат потреба од слава, од легенда. Така , Џон Џозеф Першингстанал најславниот амеикански војсководач во Првата светска војна.

Даглас Макартур бил еден од најголемите критичари на Першинг и за него отворенно зборувал дека е салонски војник. Односот меѓу нив двајцата станувал сè полош како што војната се ближела кон крајот. Сличните критики биле изнесувани и од страна на помладите офицери, оние што ќе бидат ударна сила во американската војска во Втората светска војна, како и од офицери во британски, ранцуски и други сојузнички војски. Му се припишувало позадинско командување, за разлика од некои офицери што биле на самиот фронт (дури и гинеле на него). Неговата наредба на трупите да настават борби по потпишување на примирје се смета исто така за контраверзна. Поради таа наредба американската војска имала губиток од 3 500 војници во последниот ден на војната, и што неколку офицери под негова команда го именувале како убиство.

Во своите мемоари, Першинг американскотото пробивање од Аргон, на почеток на ноември 1918 година го претставува како одлучувачки настан кој ги принудил Германците да го прифатат примирјето бидејќи линијата Антверпен-Меза станала неодбранета. Критичарите ова го сметаат за претерување бидејќи на крајот на војната влијаеле историски комплексни настани избивање на граѓански нереди во Германија; поморски бунт; прошаѓање на Бугарија, Турција, и посебно Австроунгарија по сојузничките победи на Солунски фронт, во Сирија, Италија и сојузнички победи на Западниот фронт.[2]

Повоена кариера

уреди

Како признание за истакнување во службата во Првата светска војна, во 1919 година американскиот Конгрес го овластил претседателот Рузвелт на Першинг да му додели чин генерал на војската на САД што е највисокиот можен чин за било кој припадник на воени сили во Соединети Држави. Тој чин во тоа време го носел само тој, а на генералот Џорџ Вашингтон му бил доделен посмртно од страна на американскиот претседател Џералд Форд во 1976 година. Першинг бил овластен самиот да ги смисли ознаките за овој чин, и тој одбрал четири златни ѕвезди до крајот на својата каријера, што се разликовало од четири (привремени) сребрени ѕвезди што ги носел началникот на генералштабот на армија, и од ознаки со пет ѕвездички за чин генерал на армија, што ги носеле Маршал, Макартур, Бредли, Ајзенхауер и Арнолд во Втората светска војна.

Во тек на дваесеттите години на XX век постоела иницијатива Першинг да стане претседател на САД, но тој одбил активно да учествува во кампања, а републиканците кои сметале дека е многу близок до демократскиот претседател Вилсон, одбрале дриг кандидат, сенатор Ворен Хардинг кој поведил на претседателските избори во САД во 1920 година.

Во 1921 година Першинг станал началник на генералштаот на војска на САД. Тогаш ја направил Мапата на Першинг, предлог за национална мрежа на воени и цивилни автопати. Меѓудржавен систем на автопати кој е веведен во 1956 година има значителни сличности со мапата на Першинг. Во1924 година, Першинг, кој тогаш имал 64 години делумно се повлекол од активна воена служба. Во тек на триесеттите години на XX век Першинг живеел повлечено, но се прославил со неговите мемоари „Мои искуства од Светската војна, книгата во 1932 година била наградена со Пулицерова награда за историја.

Во четириесеттите години на XX век бил силен поборник за помош на Обединето кралство во тек на Втората светска војна. Починал на 15 јули 1948 година во воениот медицински центар, Валтер Рид во Вашингтон, бил погребан на Националните гробишта Арлингтон.

Наводи

уреди
  1. Vandiver, Frank E. (1977). Black Jack: The Life and Times of John J. Pershing. 1. Texas A&M University Press. стр. 67.
  2. http://www.historynet.com/world-war-i-wasted-lives-on-armistice-day.htm