Џијан Емин
Џијан Емин — македонски диригент, композитор, аранжер и музичар (хорнист, клавијатурист).
Музичка кариера
уредиЏијан Емин ја започнал музичката кариера како член на рок-групата „Архангел“. Подоцна, станал прв хорнист на Македонската филхармонија и нејзин диригент, а истовремено, тој работи и како оркестратор. Поважни негови музички настапи се: концертите „Скопје за Боуви“ и „Пинк Флојд“ во рамките на манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“; музичко-сценскиот спектакл „Музика универзалис“ (заедно со Дерек Меј и со Македонската филхармонија); настапот со Белградскиот симфониски оркестар и со Јуан Аткинс; концертот „Париз, те сакам“; мултимедијалниот проект „Neuland Sensorium“. Покрај тоа, тој настапувал и со повеќе музичари и групи, како: „Проект Жлуст“, „Д.Н.О.“, Квартетот на Георги Шаревски, „Скопје конекшн“, „Архангел“, Бодан Арсовски, Тони Китановски, Кирил Џајковски, Никола Коџобашија, „Фолтин“, Малколм Брн, итн. Најпосле, Џијан Емин ја оркестрирал музиката на Мет Феди која била изведена на новогодишниот огномет во Дубаи.[1]
Наводи
уреди- ↑ Македонска филхармонија, Murder Ballads. Скопје, 2018.