Д.Н.О.[1] – македонска музичка група формирана кон крајот на 1999 година, во состав: Владимир Поп-Христов-Мио како вокал, Гоце Стевковски на тапани, Иван Бејков на бас, Емин Џијан на клавијатури, Саша Спасовски-Крокер на гитара, Кире Најдовски на гитара, и Бојан Угриновски како музички техничар на групата.

Д.Н.О.
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровирокенрол, рок
Инструментигитара
бас
тапани
клавијатури
Период на активност1999–денес
СоработнициProject Zlust
Нокаут
Мреж. местоhttps://www.instagram.com/dnoenlo https://www.youtube.com/@d.n.oofficialchannel8147
Членови
Владимир Поп-Христов-Мио
Бодин Попов
Филип Попов
Петар Лукиќ
Поранешни членови
Гоце Стевковски
Иван Бејков
Емин Џијан
Саша Спасовски-Крокер
Кире Најдовски

Најчесто медиумите го пишуваат како ДНО (без точките), што би било погрешно.

Историја

уреди

Почетоци

уреди

Првите две-три години од своето постоење, било паралелно со постоењето на уште еден заеднички бенд, Project Zlust, а музичарите се посветиле на создавањето сопствено студио наречено „Мечкаров“ и сопствена издавачка куќа, „Chicken Madness“. Првата постава на групата, своето деби-издание го објавила во 2004 година, под името Тишина. Снимениот материјал бил отпеан и на македонски и на англиски јазик, но до денес англиската верзија е недостапна за поширокиот круг слушатели. Единствено темата Sweet love била поместена на македонската варијанта на изданието. Од овој период, започнала и соработката со фотографот Кире Галевски, кој и во иднина бил задолжен за фотосесиите на групата, и со уметникот Александар Станковски-Рембрант, кој бил одговорен за графичкиот дизајн на албумот. Зад музиката и аранжманите на дванаесетте теми од албумот се потпишала комплетната група, а текстовите на Тишина биле дело на Мио. Исклучок се Маријанж на Никола Коџобашија и Кога-тогаш како соавторска со Емин Џијан. Како гости на деби-изданието се појавиле: Владан Дробицки на тромбон, Никола Коџобашија на клавијатури, Александар Поп-Христов на гитара, Лутеа Салом како бек-вокал и Малколм Брн (кој соработувал со „Neville Brothers“, Боб Дилан, Даниел Ланоа, Иги Поп, „Giant Sand“ и др.) на гитара, перкусии и клавијатури, но и како главен продуцент на комплетниот материјал.

По издавањето на албумот, групата снимила дури седум поединечни спотови за Идеме до крај, Кога-тогаш, Јас и ти, Тишина, Sweet love, Борба и Огледало. Во однос на спотовите, првичната идеја на бендот била сите да се измонтираат во еден филм. Филмот бил снимен со голема поддршка од Ристо Гоговски од „Наша ТВ“, а во режија на Александар Станковски-Рембрант.

Настапи во Македонија

уреди

Во 2007 година, во рамките на манифестацијата „35 години МКЦ“, филмот „Magical Mystery Cure“ ја имале својата промоција. Ова било филм за музиката на Д.Н.О, опишан како експериментален рокенрол филм за една група музичари што својот креативен израз го остваруваат во транзициски и ентропски услови. Набргу по издавањето на материјалот, групата направила промоции во голем дел од градовите низ Македонија. Сè до 2010 година, бил период на зголемена концертна активност, и самостојни настапи:

  • промотивен настап, како загревање на повратничкиот концерт на Мизар, на Скопското лизгалиште, одржан на 30 мај 2004 година;
  • самостоен концерт во МКЦ, на 7 април 2005;
  • настап во клубот „Вега“ на 3 јуни 2005;
  • учество на „Peace Unlimited Festival“ во МКЦ на 28 октомври 2005
  • настап во МКЦ на 28 декември 2005 на прославата на неговиот роденден;
  • настап во МКЦ на 16 март 2006,
  • настап на отворено во Куршумли ан на 21 јули 2006 во рамките на „Скопско културно лето“;
  • настап со белградскиот „Block Out“ во МКЦ на 12 април 2007.
  • учество на манифестацијата „Звукот на чаршијата“ на 13 септември 2008;
  • настапот на „Битола – отворен град“ на 22 август 2010 година.

Д.Н.О. никогаш не забележале настап надвор од државата.

2010-2015 година

уреди

Некаде пред последниот настап, во групата почнало да се забележува дека соработките со други бендови и во други проекти (Архангел, Влатко Стефановски Трио, Тоше Проески, Тони Китановски Трио) станувале финансиски многу поисплатливи за дел од членовите, па настапите со Д.Н.О. се запоставувале. Снимањето на новиот материјал се одложило неколку пати поради неможност да се најде слободен термин од зголемените ангажмани. Дури и самиот фронтмен Мио, кој бил главниот иницијатор за формирање на групата, поголем дел од времето го посветувал на пишување текстови за други изведувачи, отколку за Д.Н.О. Во овој контекст, најмногу соработувал со Нокаут и Project Zlust, најчесто како текстописец, но и како продуцент, инструменталист и аранжер. Некаде во тој период, Кире одлучил да се исели во Америка, а Гоце бил исклучително фокусиран на својот сопствен проект во подготовка, Гоце Стевковски Септет.

2022-2023 Година

уреди

Бендот е повторно активен, Владимир Поп-Христов со Бодин Попов почнуваат да работат на нов материјал, во состав Владимир Поп-Христов Бас и Вокал, Бодин Попов Тапани, Филип Попов Гитара и Петар Лукиќ Клавјатури. Го издаваат синглот "Љубов Моја Голема" и го најавуваат албумот "Култура".

Во овој состав имаат и настапи во Скопје во Филхармонија Бар и Чилин.

Минати членови на бендот

уреди

Изборот на нови членови бил направен од страна на Архангел, Михаил Парушев-Мишко на тапани и Дарко Мучев-Мучо на бас. Промоцијата на оваа постава била на концерт во Битола, а веднаш потоа групата го снимила и првиот сингл Слобода , како и албумот Никогаш поблиску до слободата.

По овој концерт, дошло до една подолга пауза во концертните активности на групата, сè до 2015 година, кога групата објавила уште два сингла, Скопје 24/7 и Очи боја бадеми, во делумно нова постава: Мио како вокал, Зоран Костадиновски на гитара, Мучо на бас и Дарко Спасовски на тапани. Во меѓувреме бендот имал неколку настапи на групни манифестации во Скопје: на 21 јануари 2015 година настапил на отворањето на „Пиволенд“, а на 20 септември 2015 година биле еден од учесниците на „Коноп Фест 2015“, на Градската плажа во Скопје.

Своето финале го имале на 12 февруари 2016 година, кога под мотото „ДНО е НЛО“, отсвириле проштален концерт во МКЦ, на кој како гости се појавиле Нокаут и Ласт експедишн. По овој концерт, Мио се иселил во Шпанија, а останатите членови си продолжиле со стандардните ангажмани во другите музички групи.

По долга пауза, Д.Н.О. во скратен состав се појавиле во 2021 година со два сингла: Чувај ме и Девојка.[2]

Дискографија

уреди

Албуми

уреди
Наслов Носач на звук Издавачка куќа Година
Тишина CD Chicken Madness 2004

Компилации

уреди
Наслов Носач на звук Издавачка куќа Година
V.A. - Coca Cola Sound Wave /Тишина; Борба; Идеме до крај CD М2 2005
V.A. - Време Ритам 01 / Идеме до крај CD Време 2006
V.A. - Ризница I / Борба 2xCD Planet Press 2007

Наводи

уреди
  1. Филиповски, Тошо (2018). Македонска Рок Енциклопедија. Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 95–96. ISBN 978-608-66200-0-4.
  2. „Профил на Д.Н.О. на музички регистар“. Архивирано од изворникот на 2023-04-10. Посетено на 2023-04-10.