Џими П. (англиски: Jimmy P.) е американско-француски филм од 2013 година, во режија на Арно Деплешин (Arnaud Desplechin). Главните улоги ги толкуваат: Бенисио Дел Торо (Benicio Del Toro), Матје Амалрик (Mathieu Amalric) и Џина МекКи (Gina McKee). Филмот бил номиниран за наградата „Златна палма“ на Канскиот фестивал во 2013 година, а бил номиниран и за наградата „Цезар“ во повеќе категории: најдобар филм, најдобра режија и најдобро сценарио.

Содржина

уреди

Пред крајот на Втората светска војна, Индијанецот Џими Пикард, кој се борел во Франција, станува пациент во една воена психијатриска болница во која се лекуваат поранешни војници. Подолго време, тој има силни главоболки поради кои го губи контактот со реалноста, а понекогаш, не слуша и не гледа ништо. Откако неговиот лекар не може да ја најде причината за неговата болест, последната надеж на Џими е францускиот антрополог и психоаналитичар Жорж Деверо, кој е специјализиран за културата на Индијанците. Уште на првата средба, меѓу нив се воспоставува блиска врска, заснована на почитување и доверба. За време на терапијата, Џими сè повеќе ја отвора својата душа и соработува со Деверо. Тој се потсетува на своите соништа и ги открива своите длабоко потиснати спомени. Иако по природа е срамежлив, Џими му се препушта целосно на Деверо, кој го води низ процесот на лекување.[1] [2]

Наводи

уреди
  1. „Психотерапија која прераснува во посебна врска“, Антена, број 868, 13.2.2015, стр. 3.
  2. „Џими П.“, Антена, број 887, 26.6.2015, стр. 27.