Џими Бафет
Џејмс Вилијам Бафет (англ. James William Buffett; 25 декември 1946 - 1 септември 2023) ― американски пејач[10] познат по неговиот уникатен тропски рок-звук и начин на однесување преку кое промовирал уживање во животот и следење страсти.[11] Бафет снимил многу хит-песни[12] а најпозната меѓу нив е „Margaritaville“ (1977), која е рангирана на 234-то место на листата на „Песни на векот“ од Здружението на музичките сниматели на Америка. Бафет ја соновач групата Coral Reefer Band во 1975 година.[13]
Џими Бафет | |
---|---|
Џими Бафет во 1980 | |
Роден(а) | Џејмс Вилијам Бафет декември 25, 1946 Паскагула, Мисисипи, САД |
Починал(а) | 1 септември 2023 Саг Харбор, Њујорк, САД | (возр. 76)
Образование | Универзитет во Јужен Мисисипи |
Занимање |
|
Активен период | 1961[1]–2023 |
Сопружник |
|
Деца | 3 - Савана (ќерка), Дилејни (ќерка), Камерон Марли (син - посвоен) |
Страница jimmybuffett.com Музичка кариера | |
Потекло | Нешвил, Тенеси, САД |
Жанрови | |
Инструменти | |
Издавачи | |
Покрај двете номинации за наградата Греми, Бафет во 2024 година постхумно бил примен во Куќата на славните на рокенролотво категоријата „Музичка извонредност“. [14]
Освен неговата музичка кариера, Бафет изградил успешна бизнис империја. Бил сопственик на синџирот-ресторани Маргаритавил на Џими Бафет и со нето проценета вредност од 1 милијарда долари, Бафет бил еден од најбогатите музичари во светот.[15] Исто така бил автор на бестселери. Неговите обожаватели се познати како „Папагалски глави“ (англ „Parrotheads“).[16]
Живот и кариера
уредиБафет е роден на 25 декември 1946 година, во Паскагула, Мисисипи,[17] а дел детството го поминал во Мобил во Алабама. Студирал на Универзитетот во Јужен Мисисипи, каде што во 1969 година дипломирал на отсекот историја и новинарство.
По дипломирањето, Бафет се преселил во Њу Орлеанс и често одржувал улични изведби за туристите и свирел во поранешниот ноќен клуб Bayou Room.[18][19] Во 1970 година, се преселил во Нешвил за да започне кариера во кантри-музиката.
Бафет потпишал договор за два албума со Barnaby Records.[20] Неговото прво студиско издание бил албумот Down to Earth издаден во август 1970 година,[19] но на музичката сцена се пробил со албумот A White Sport Coat and a Pink Crustacean од 1973 година,[21] кој ги вклучувал песните: „Grapefruit—Juicy Fruit“ и „Why Don't We Get Drunk“.[22] Со парите од заработката од албумот, Бафет си го купил првиот брод.[23]
Во 1975 година, Бафет ја основал групата Coral Reefer Band.[13] Тие биле предгрупа на Eagles во август 1975 година.[24]
Во јануари 1977 година, Бафет го објавил албумот Changes in Latitudes, Changes in Attitudes, на кој, покрај насловната песна, се наоѓала и песната со која Бафет стекнал светска слава, „Margaritaville“.[21] Бафет тврдел дека најголемиот дел од песната ја напишал за шест минути. Иронично било тоа што тој иако се обидувал негативно да ги прикаже туристите во Ки Вест, тоа довело до зголемување на туризмот во градот. Песната станала култна химна на американската поп-култура и била додадена во Националниот регистар на песни на САД во 2016 година.
Во текот на кариерата, Бафет издал над 30 студиски албуми, а многу од нив добиле платинести и златни сертификати. Некои од неговите најпознати албуми се: Son of a Son of a Sailor (1978), Volcano (1979) и License to Chill (2004).
Освен неговата музичка кариера, Бафет водел и успешни деловни потфати. Го основал синџирот-ресторани Margaritaville Cafe, кои инспирирани од неговите песни станале популарни туристички дестинации. Компанијата го проширила брендот Margaritaville во хотели, одморалишта и други производи како облека, храна и пијалаци.
Бафет исто така бил и успешен писател, објавувајќи неколку книги, вклучувајќи го и бестселерот Tales from Margaritaville (1989) и неговата автобиографија A Pirate Looks at Fifty (1998). Тој неколкупати се нашол на листата на најпродавани автори на The New York Times.
Бафет бил постхумно избран за внесување во Куќата на славните на рокенрокот во 2024 година во категоријата „Музичка извонредност“.[25][14]
Бафет починал на 1 септември 2023 година, на 76-годишна возраст, поради компликации од редок и агресивен рак на кожа, кој му бил дијагностициран четири години претходно.
Многу познати личности, политичари и музичари му оддале последна почит на Бафет, вклучувајќи ги: Пол Макартни, Шерил Кроу, Елтон Џон, Снуп Дог, Ал Рокер, Енди Коен, Џо Бајден, Тоби Кит, Блејк Шелтон, Питбул, Дру Брис и Мајкл Даглас.
Дискографија
уреди- Down to Earth (1970)
- High Cumberland Jubilee (1971)
- A White Sport Coat and a Pink Crustacean (1973)
- Living and Dying in 3/4 Time (1974)
- A1A (1974)
- Havana Daydreamin' (1976)
- Changes in Latitudes, Changes in Attitudes (1977)
- Son of a Son of a Sailor (1978)
- Volcano (1979)
- Coconut Telegraph (1981)
- Somewhere over China (1982)
- One Particular Harbour (1983)
- Riddles in the Sand (1984)
- Last Mango in Paris (1985)
- Floridays (1986)
- Hot Water (1988)
- Off to See the Lizard (1989)
- Fruitcakes (1994)
- Barometer Soup (1995)
- Banana Wind (1996)
- Christmas Island (1996)
- Don't Stop the Carnival (1998)
- Beach House on the Moon (1999)
- Far Side of the World (2002)
- License to Chill (2004)
- Take the Weather with You (2006)
- Buffet Hotel (2009)
- Songs from St. Somewhere (2013)
- 'Tis the SeaSon (2016)
- Life on the Flip Side (2020)
- Songs You Don't Know by Heart (2020)
- Equal Strain on All Parts (2023)
Наводи
уреди- ↑ Eng, Steve (October 15, 1997). Jimmy Buffett: The Man from Margaritaville Revealed. Macmillan. ISBN 9780312168759. Архивирано од изворникот September 2, 2023 – преку Google Books.
- ↑ Lambert, Molly (April 11, 2017). „THE PARROTHEAD INSIDE ME“. MTV News. Архивирано од изворникот на April 14, 2017.
- ↑ Rifkin, Glenn (September 2, 2023). „Jimmy Buffett, musical 'mayor of Margaritaville,' dies at 76“. The Washington Post. Архивирано од изворникот September 2, 2023.
- ↑ Krzos, Mark S. (June 3, 1994). „Jimmy Buffett fills Parrotheads' bills“. Tampa Bay Times. Архивирано од изворникот September 18, 2021.
- ↑ Eng, Steve (October 15, 1997). Jimmy Buffett: The Man from Margaritaville Revealed. St. Martin's Press. стр. 216. ISBN 978-0-312-16875-9. Архивирано од изворникот September 2, 2023.
- ↑ Durchholz, Daniel. „Jimmy Buffett brings his island-infused rock to Hollywood Casino Amphitheatre“. St. Louis Post-Dispatch. Архивирано од изворникот April 6, 2023.
- ↑ Thornburgh, Nathan (July 5, 2007). „10 Questions for Jimmy Buffett“. Time.
- ↑ „Easy-Listening Icon Jimmy Buffett Passes Away“. VOCM (AM). September 2, 2023.
- ↑ Vitello, Barbara (November 3, 2017). „Jimmy Buffett looks to Broadway as 'Margaritaville' sails into Chicago“. Daily Herald. Архивирано од изворникот November 10, 2017.
- ↑ Dowd, Maureen (September 9, 2023). „Living and Dying in ¾ Time“. The New York Times. Архивирано од изворникот на September 9, 2023. Посетено на September 9, 2023.
- ↑ „Lot Lines: My 'Jimmy Buffett' lifestyle“.
- ↑ ERLEWINE, STEPHEN THOMAS (September 2, 2023). „The 12 essential Jimmy Buffett songs“. Los Angeles Times.
- ↑ 13,0 13,1 Booth, Jessica (September 2, 2023). „Who Is Jimmy Buffett's Wife? All About Jane Slagsvol“. People. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „wife“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 14,0 14,1 Празен навод (help) Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „hofgreene“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Forbes Profile: Jimmy Buffett“. Forbes. April 4, 2023. Архивирано од изворникот на April 6, 2023.
- ↑ Barnes, Brooks (April 24, 2016). „Jimmy Buffett's 'Margaritaville' Is a State of Mind, and an Empire“. The New York Times.
- ↑ Otis, Brittany (September 12, 2015). „Jimmy Buffett's hometown of Pascagoula, Miss., is naming a bridge for him“.
- ↑ „Jimmy Buffett's death reverberates through New Orleans“.
- ↑ 19,0 19,1 Friskics-Warren, Bill (September 2, 2023). „Jimmy Buffett, Roguish Bard of Island Escapism, Is Dead at 76“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на September 2, 2023. Посетено на September 2, 2023.
- ↑ „Jimmy Buffett Dead At 76“.
- ↑ 21,0 21,1 Dowling, Marcus K. (September 2, 2023). „Jimmy Buffett's Nashville country legacy: From the EXIT/IN to 'Margaritaville' and beyond“. The Tennessean. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „exitin“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Dowling, Marcus K. (September 2, 2023). „Jimmy Buffett's Nashville country legacy: From the EXIT/IN to 'Margaritaville' and beyond“. The Tennessean.
- ↑ Risa, Merl (October 29, 2021). „On board Drifter, the sailing yacht owned by music legend Jimmy Buffett“. Boat International Media.
- ↑ „Jimmy Buffett's Connection To The Eagles“.
- ↑ „2024 Rock and Roll Hall of Fame inductees“. Rock & Roll Hall of Fame. 22 April 2024. Посетено на 22 April 2024.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- https://www.jimmybuffett.com/
- Џими Бафет — AllMusic (англиски)
- Џими Бафет на Discogs (англиски)
- Џими Бафет на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- "Jimmy Buffett" во Енциклопедија на Алабама