Ракот на кожа или карцином на кожа е тип на карцином кој се јавува на кожата. Се јавува поради развој на абнормални клетки кои имаат способност на инвазија или ширење во други делови од телото.[1] Постојат три главни типови на рак на кожа: базо-клеточен карцином (BCC), сквамо-клеточен карцином (SCC) и меланом.[2] Првите два, заедно со голем број на други поретки кожни карциноми, се познати како немеланомски кожни карциноми (NMSC).[3][4] Базо-клеточниот карцином расте бавно и може да го оштети околното ткиво но мала е веројатноста да се прошири на подалечни делови од телото и да резултира со смрт.[3] Често се појавува како безболна подигната површина на кожата која може да биде сјајна со мали крвни садови кои поминуваат над неа или може да се манифестира како подигната површина со улцер.[2] Сквамо-клеточниот карцином има поголема веројатност да се прошири.[3] Обично се манифестира како тврд израсток со лушпест врв, но може да формира и улцер.[5] Меланомите се најагресивни. Знаците кои укажуваат на појава на меланом се бенка која ја променила големината, формата, бојата, има неправилни рабови, има повеќе од една боја, чеша или крвари.[6]

Повеќе од 90% од случаите се предизвикани од изложеност на ултравиолетово зрачење од Сонцето.[7] Оваа изложеност го зголемува ризикот за сите три типови на карцином на кожа.[7] Изложеноста делумно е зголемена поради намалувањето на озонската обвивка.[3][8] Солариумите се друг чест извор на ултравиолетово зрачење.[7] За меланомите и базо-клеточните карциноми, изложеноста за време на детството е особено штетна.[9] Кај сквамо-клеточните карциноми, вкупната изложеност, без разлика кога се случила, е повеќе значајна.[7] Помеѓу 20% и 30% од меланомите се развиваат од бенки.[9] Луѓето со светол тен имаат повисок ризик[2][10] како и оние со намалена функција на имуниот систем, како на пр. поради лекови или ХИВ/СИДА.[3][11] Дијагнозата се поставува со биопсија.[6]

Карциномот на кожа е најчестата форма на карцином, на кого отпаѓаат најмалку 40% од сите случаи на карцином.[3][12] Најчест тип се немеланомските кожни карциноми, кои се јавуваат кај 2–3 милиони луѓе годишно.[9][13] Сепак ова е груба проценка, бидејќи не се води добра статистика.[2] Од немеланомските кожни карциноми, околу 80% од случаите се базо-клеточни и 20% се сквамо-клеточни.[4] Базо-клеточните и сквамо-клеточните кожни карциноми ретко резултираат со смрт.[9] Во САД, тие се причинител на смрт кај 0.1% од вкупните смртни случаи од канцер.[2] На глобално ниво во 2012, меланом имале 232,000 луѓе што резултирало со 55,000 смртни случаи.[9] Белите луѓе во Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка имаат највисока стапка на појава на меланом во светот.[9][14] Трите главни типови на кожни карциноми станале почести во последните 20 до 40 години, особено во региони каде што населението доминантно е бело.[3][9]

Наводи

уреди
  1. „Defining Cancer“. National Cancer Institute. 17 September 2007. Архивирано од изворникот 25 June 2014. Посетено на 10 June 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Skin Cancer Treatment (PDQ®)“. NCI. 2013-10-25. Архивирано од изворникот 5 July 2014. Посетено на 30 June 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Cakir BÖ, Adamson P, Cingi C (November 2012). „Epidemiology and economic burden of nonmelanoma skin cancer“. Facial Plastic Surgery Clinics of North America. 20 (4): 419–22. doi:10.1016/j.fsc.2012.07.004. PMID 23084294.
  4. 4,0 4,1 Marsden J (2008). Rajpar S (уред.). ABC of skin cancer. Malden, MA: Blackwell Pub. стр. 5–6. ISBN 9781444312508. Архивирано од изворникот 29 April 2016.
  5. Dunphy LM (2011). Primary Care: The Art and Science of Advanced Practice Nursing. F.A. Davis. стр. 242. ISBN 9780803626478. Архивирано од изворникот 20 May 2016.
  6. 6,0 6,1 „General Information About Melanoma“. NCI. 2014-04-17. Архивирано од изворникот 5 July 2014. Посетено на 30 June 2014.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Gallagher RP, Lee TK, Bajdik CD, Borugian M (2010). „Ultraviolet radiation“. Chronic Diseases in Canada. 29 (Suppl 1): 51–68. doi:10.24095/hpcdp.29.S1.04. PMID 21199599.
  8. Maverakis E, Miyamura Y, Bowen MP, Correa G, Ono Y, Goodarzi H (May 2010). „Light, including ultraviolet“. Journal of Autoimmunity. 34 (3): J247-57. doi:10.1016/j.jaut.2009.11.011. PMC 2835849. PMID 20018479.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 World Cancer Report 2014. World Health Organization. 2014. стр. Chapter 5.14. ISBN 978-9283204299.
  10. Leiter U, Garbe C (2008). „Epidemiology of melanoma and nonmelanoma skin cancer--the role of sunlight“. Advances in Experimental Medicine and Biology. 624: 89–103. doi:10.1007/978-0-387-77574-6_8. ISBN 978-0-387-77573-9. PMID 18348450.
  11. Chiao EY, Krown SE (September 2003). „Update on non-acquired immunodeficiency syndrome-defining malignancies“. Current Opinion in Oncology. 15 (5): 389–97. doi:10.1097/00001622-200309000-00008. PMID 12960522. S2CID 33259363.
  12. Dubas LE, Ingraffea A (February 2013). „Nonmelanoma skin cancer“. Facial Plastic Surgery Clinics of North America. 21 (1): 43–53. doi:10.1016/j.fsc.2012.10.003. PMID 23369588.
  13. „How common is skin cancer?“. World Health Organization. Архивирано од изворникот 27 September 2010. Посетено на 30 June 2014.
  14. Harris RE (2013). Epidemiology of Chronic Disease. Jones & Bartlett Publishers. стр. 271. ISBN 9780763780470.