Џејмс Хачинсон Стерлинг
Џејмс Хачинсон Стерлинг (англ. James Hutchison Stirling, 22 јануари 1820–19 март 1909), филозоф од Глазгов. Дипломирал медицина во Единбург и работел на професијата сè до смртта на неговиот татко во 1851. Потоа ѝ се посветил на филозофијата.
Неговото дело „Тајната на Хегел“ (The Secret of Hegel, 1865) го поттикнало изучувањето на Хегеловата филозофија во Британија и САД. Делото е прифатено како важно и во Германија и Италија.
Во „Историја на филозофијата“[1], исусовскиот историчар на филозофијата Фредерик Коплстон се изразува позитивно за Стерлинговата претстава за Хегел како голем застапник на христијанството.
Дела
уреди- Философски дела
- Sir William Hamilton („Сер Вилијам Хамилтон“, 1865)
- The Secret of Hegel („Тајната на Хегел“, 1865)
- Text-book to Kant („Учебник за Кант“, 1881)
- Philosophy and Theology („Филозофијата и теологијата“, 1890 Архивирано на 22 јули 2014 г.)
- Darwinianism: workmen and work (Дарвинијанството: работници и дела, 1894)
- What is Thought? or the Problem of Philosophy („Што е тоа мисла?, подн. Проблемот на филозофијата“, 1900)
- The Categories („Категориите“, 1903).
- Дела за книжевноста
- Jerrold, Tennyson, and Macaulay („Џеролд, Тенисон и Меколи“, 1868)
- Burns in Drama („Бернс во драмската уметност“, 1878)
- Philosophy in the Poets („Филозофијата кај поетите“, 1885).
Наводи
уреди- ↑ „Историја на филозофијата“, том VII, стр. 12
Надворешни врски
уреди- Cousin, John William (1910). A Short Biographical Dictionary of English Literature. London: J. M. Dent & Sons – преку Викиизвор. .
- Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.
- Дела на Џ. Х. Стерлинг (1820-1909) во разни формати - Интернет-архив (англиски)
Оваа статија содржи текст преземен од дело во јавна сопственост: Cousin, John William (1910). A Short Biographical Dictionary of English Literature. London, J. M. Dent & Sons; New York, E. P. Dutton.