Џемаил Хасани

(Пренасочено од Џемо Хаса)

Џемаил Хасани (албански: Xhemail Hasani; Симница, Гостиварско 1908 - Беличица, Мавровско, 6 мај 1945) познат и како Џемо Балистот, Џем Хаса, Џемо Симница бил балист од Македонија, водач на Бали Комбетар за Западна Македонија. Италијанците претежно го искористиле за борба против партизаните и му давале месечна плата од 50 илјади лека[1].

Џемаил Хасани - Балистот

Животопис

уреди

Џемаил Хасани е роден во 1908 година во гостиварското село Симница. Растел во многудетно и сиромашно семејство. Уште како дете почнал да работи со земјоделство на татковиот имот. Тешката сиромаштија и самиот албански отпор кон српската окупација во Македонија, потпомогната со изборот на Албанија да се приклучи кон фашистичката оска, кај Џемо се јавува желбата за војување.

Во почетокот заминал да војува во јужниот дел на Албанија. За својата ефикасност е прогласен за воен офицер лично од кралот на Албанија, Ахмед Зогу. Во почетокот на 1941 година се враќа во Македонија, каде започнува со неговите ѕверства врз македонското население. Дејствувал во цела Западна Македонија. Во почетокот на 1945 година Џемо Хаса и уште триста други души, во близината на мостот на река Маздрача, кај село Жеровјане, на патот Тетово-Гостивар, почнале борба со партизаните, каде стрелале 7 души. На 6 мај 1945 Хасани е убиен. Претходно, во почетокот од 1945 година, ОЗНА во Македонија организирала потрага по Џемо, кој со вооружени групи се движел низ Албанија и западна Македонија. Во март истата година биле воспоставени контакт и соработка со Риза Раифи, роднина на телохранителите на Џемо: Абдула Зибери, Абдула Амити и Назиф Амити. Соработникот Риза Арифи се обврзал заедно со телохранителите да го заработат или ликвидираат Џемо. ОЗНА за возврат им ветила слобода, доколку не продолжат со ограбувањата[2].

Наводи

уреди
  1. Стојчев, Кокан. „Балистичката организација во Македонија во Втората светска војна (1941 - 1944 година)“. македонско Сонце. Архивирано од изворникот на 2012-02-26. Посетено на 2010-01-16.
  2. „И фашистот Џемо влезе во ред за биста“. Нова Македонија. 8/02/10. Архивирано од изворникот на 2010-02-13. Посетено на 2010-02-09. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)