Џами Маала (Лагадинско)
Џами Маала (грчки: Πολυδένδρι, Полидендри; до 1927 г. Τζαμί Μαχαλέ, Τζαμή Μαχαλέ, Ѕами Махале[2]) — село во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во општината Лагадина на Солунскиот округ, Грција. Населението брои 271 жител (2021). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]
Џами Маала Πολυδένδρι | |
---|---|
Координати: 40°49.0′N 23°7.0′E / 40.8167° СГШ; 23.1167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Богданска Планина |
Надм. вис. | 400 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 271 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на источно од Гвоздово, на 4 км западно од Хаџи Маала и североисточно од градот Лагадина.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Џами Маала било турско село во Лагадинската каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Џами Маала живееле 110 Турци.[4]
Во Грција
уредиПо Втората балканска војна селото било припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На пописот од 1913 г. населението броело 71 жител, а во 1920 г. е вброено збирно во групата села наречена Ѓулузлу Маала.[3] Во 1920-тите населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Понд, Турција.[5] Во 1927 г. селото е преименувано во Полидендри. На пописот од 1928 г. Џами Маала е претставено како мешано мештанско-дојденско село 38 дојденци (12 семејства).[6]
Населението се занимава со одгледување на тутун, пченица и други култури, а развиено е и сточарството.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 328 | 309 | 303 | 272 | 329 | 316 | 507 | 304 | 217 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 305. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 170. ISBN 954430424X.
- ↑ „Δήμος Λαγκαδά“. Архивирано од изворникот на 14 април 2013. Посетено на 14 ноември 2012.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012