Џамија на Хаџи Хамза

џамија во Охрид

Џамија на Хаџи Хамза (или Хаџи Хамза џамија) — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2][3]

Џамија на Хаџи Хамза
Поглед на џамијата
Основни податоци
МестоОхрид, Македонија
Координати41°7′0.4″N 20°47′54.0″E / 41.116778° СГШ; 20.798333° ИГД / 41.116778; 20.798333
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиски
ЗавршенXVI век
Особености
Минариња1
Прогласен закултурно наследство на Македонија

Местоположба

уреди

Џамијата е сместена во маалото Кошишта, на улица „Гоце Делчев“ бр. 53.[1]

Историја

уреди

Џамијата е изградена во XVI век заедно со медреса (исламско училиште). Подоцна е претворена во теќе, и тогаш е изградено и минарето и турбето со шадрванот.[2]

На 22 март 1968 година џамијата е прогласена за споменик на културата.[4]

Џамијата е санирана во 2009 и 2010 година.[1]

Архитектура

уреди

Градбата има скромни димензии и прост квадратен облик со централна купола,[1] михраб и минбер. Има и летен молитвен простор, летен кафе-оџак и зимски кафе-оџак.[2] Минарето има големи димензии и шестаголен облик. Џамијата е изградена од кршен камен и наместа со бондрук, а минарето е од обработен камен, подоцна малтерисано. Отворите имаат полукружен облик. На северозапад има доградба од кршен камен, која исто така е малтерисана и варосана.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Џамијата на Хаџи Хамза“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-07-04. Посетено на 22 јуни 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 78.
  3. Yılmaz, Edip, Erdal Elmas (2018). „OHRİ'DEKİ (MAKEDONYA) OSMANLI DÖNEMİ CAMİLERİ“. Anasay (4): 52–53. ISSN 2001 2587- 2001. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  4. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 155.

Надворешни врски

уреди