Веј (река)

река во покраините Гансу и Шенси, Кина

Веј (кинески: 渭河, пинјин: Wèi Hé) — река во северниот дел на централна Кина.

Сливот на реката Веј

Извира од планините на југоисточната провинција Гансу и тече на исток низ покраината Шенси и се спојува со Хоангхо (Жолтата река). Долга е 818 километри. Нејзината долина била најстариот центар на кинеската цивилизација и сè до X век било место каде што се ределе главни градови. Во III век п.н.е. областа околу раскрсницата на реките Ѓинг и Веј била првото место каде што се зафатени првите сериозни потфати за изградба на наводнувачки систем во Кина.

Поважни притоки на Веј се Луо, Ѓинг и Чишуеј.

Користена литература

уреди