Ќерим Мемедали Хоџа

македонски писател
(Пренасочено од Мемедали Хоџа)

Ќерим Мемедали Хоџа (албански: Qerim Memedali Hoxha; Радолишта, Струшко, 1924- Скопје, 1991) — македонски писател за деца, публицист и новинар[1].

ЖивотописУреди

Хоџа е роден во 1924 година во струшкото село Радолишта. Основно училиште завршил во Струга, а средно во Скопје. Прво работел во просвета, а потоа бил новинар во „Флака е велазеримит“. Бил уредник во списанијата за деца „Гезими“ и „Фатоси“. Се смета за основоположник на книжевноста за деца на албански јазик во Македонија.

БиблиографијаУреди

  • Песни, 1952 (заедно со Љутви Руси);
  • Кај изворот, 1960;
  • Кога дува ветерот, 1962;
  • Нашите дни, 1979;
  • Кажи ми го името, 1989.

НаводиУреди

  1. Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). МАНУ. стр. 1587. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).