Љубен Најденов
Љубен Најденов (роден на 2 август 1930 година во Горна Џумаја - починал на 10 јули 1979 година во Скопје) — македонски архитект.[1]
Љубен Најденов | ||
Роден | 2 август 1930 Горна Џумаја, Царство Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 10 јули 1979 Скопје, СФРЈ | |
Националност | Македонец | |
Занимање | архитект |
Животопис
уредиЉубен Најденов дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1954 година. Магистрирал на Универзитетот во Беркли, САД во 1965 година. Бил редовен професор на Архитектонскиот отсек. Освен со педагошка и публицистичка дејност се занимавал и со архитектонско проектирање. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Неговиот опус е богат и разновиден, а најзначајни се: хотелот „Ривиера“ во Охрид (1959); Стоковната куќа во Охрид (1961); Домот на културата во Делчево (1971); хотелот „Дрим“ во Струга (1970); Клиниката за кардиологија во Скопје (1978). Објавил повеќе трудови што ја третираат проблематиката од областа на училишните објекти.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Најденов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1006–1007. Text "series " ignored (help)