Љанг Гуангље

кинески генерал и политичар

Љанг Гуангље (кинески: 梁光烈, пинјин: Liáng Guāngliè; р. 1 декември 1940 во Сантај, Сечуан) — поранешен министер за одбрана на Кина и генерал во Народноослободителна армија (воените сили на Кина).

Љанг Гуангље
梁光烈
Министер за одбрана на НР Кина
На должноста
17 март 2008 – 16 март 2013
Премиер Вен Ѓабао
Претходник Цао Гангчуан
Наследник Чанг Вангчуен
Началник на ГШ на Народноослободителната армија
На должноста
November 2002 – 2007
Претходник Фу Чуенјоу
Наследник Чен Бингде
Лични податоци
Роден(а) 1 декември 1940(1940-12-01)(83 г.)
Сантај, Кина
Партија Комунистичка партија на Кина
Установа Хенански универзитет
Воена служба
Припадност НР Кина
Род Народноослободителна армија на Кина
Траење 1958–
Чин генерал

Животопис уреди

Стапил во воена служба во јануари 1958 г, а се зачленил во Комунистичката партија на Кина во ноември 1959.

Од декември 1993 до јули 1995 г. бил на функцијата Начелник на генералштабот на Пекиншката воена област

Од јули 1995 до декември 1997 г. бил поткомандант на Пекиншката воена област.

Од декември 1997 до декември 1999 г. бил командант на Шенјаншкиот воен регион.

Од декември 1999 до ноември 2002 г. бил командант на Нанџиншката воена област и потсекретар на комитетот на комунистичката партија за Нанѓинг.

Љанг бил Начелник на Генералштабот на Народноослободителната армија од 2002 до 2007 г. По ова бил на функцијата државен советник и Министер за одбрана, членувајќи и во Централнiot воен комитет.

Наизменично членувал и во XIII и XIV Централен комитет на Комунистичката партија, а член е и на XV, XVI и XVII Централен комитет.

Генерал Љанг се повлекол од министерската функција на XVIII Национален конгрес на КПК кон крајот на 2012 г. и отишол во пензија. на негово негово место дошол генералот Чанг Ванчуен.[1]

Извори уреди

  • „Љанг Гуангље“. Народен дневник. Посетено на 2007-03-24.
  • Кинескиот генерал Љанг Гуангље назначен на клучна воена функција Архивирано на 11 декември 2007 г. (Франс-Прес преку Стрејтс Тајмс)

Наводи уреди

Воени функции
Претходник
Фу Чуенјоу
Началник на ГШ на Народната ослободителна армија
2002–2007
Наследник
Чен Бингде
Политички функции
Претходник
Цао Гангчуан
Министер за одбрана на Кина
2008–2012
Наследник
Чанг Ванчуен